Secret Movie Jokester

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Дечки одлучив да се пробаме и овој месец, знам дека е многу раздвижено периодов низ Филм и Тв, па се надевам ќе има интерес и нема да умрат размениве.
Овој месец ќе биде во знак на хуморот, темата се комедии од секаков тип вклучувајќи и црни комедии, хорор комедии, ромкоми, класични комедии, филгуд филмови, стенд ап комедии, се што е во духот на смеата и доброто расположение.
Без многу да должам, одиме на правилата, кои веќе сите ги знаеме, но процедурално ќе ги оставам во воведот.


Правилата:

На секој член (Џестер) што учествува ќе му се додели друг член (Кловн) на кој што ќе треба да му даде некаков персонализиран предлог за филм.

Откако ќе го изгледа филмот, Кловнот ќе напише збор-два во темава дали му се допаднал и кои му се впечатоците од предлогот.


Тајмтејбл:

10.04.
Сите заинтересирани членови се пријавуваат во темава до 10ти април.

11.04.
На 11ти април со помош на генератор се избираат Џестерите и истиот ден се известуваат кој ќе биде нивниот Кловн.

17.04.
Џестерите имаат рок до 17ти април нивниот предлог-филм да го испратат во мојот инбокс, кој потоа експресно ќе биде препратен кај соодветниот Кловн, доколку сакате може да оставите и некој коментар/порака до вашиот кловн зошто баш тој филм сте го избрале.
(мојот Џестер филмот може да го прати кај @grande-juve ако сака да остане анонимен)


30.04.
На 30ти април сите треба да го имаат изгледано филмот и да имаат напишано впечатоци за предлогот во темава. Откривањето на Џестерот е по лично убедување, и никој предложувач нема да биде откриен доколку самиот не одлучи да го направи тоа.

Пријавувањето почнува денес :pipi:
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
+

Се надевам од трета мајка ќе ми биде изгледан предлогот...
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.778
Поени од реакции
10.539
Го сакам Secret Movie Jokerster во поштенско сандаче.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Нема оправдување. Да се пријавиш, а да не најдеш 2 часа во 30 дена, за да не погледнеш 1 филм. Некој барем се потрудил да најде филм, да ти го предложи, а ти да не го изгледаш.
Едноставно не е фер.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Може под услов да ми генерирате номиниран што ќе ми го изгледа предлогот.
Стоп за булаши што глумат дека неможат да издвојат 2 саати време во месецот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom