џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.475
- Поени од реакции
- 25.446
Го начекав на тв (сега инстантно ќе добијам хејт од Джонтра) You've got mail а сум го гледал одамна и ми останал во сеќавање, и иако The Shop Around the Corner со Џејмс Стјуарт ми е помил, морав да го ѕирнам филмов од 90 некоја. Јас сум sucker за ромком филмови со Мег Рајан и уште си мислам море каква убајна беше женава тогаш, баш автентична и природна, и никогаш не сум имал впечаток дека е „жена од списание“ како познатите актерки од 90тите. Филмот не е лош ама не е ни најсјаен, ужасно паѓа во последната третина откако таа ќе ја изгуби книжарницата иако имаше безброј прилики да ја спаси - сметководителката ѝ кажа дека има еден куп пари и може да ѝ помогне. Од друга страна, Том Хенкс ем ѝ го зеде лебот ем не се понуди да ја компензира или недајбоже во име на љубовта да ја спаси книжарницата. Ама на крај кога ќе размислам си одговараа двајцата - тој не се ни потруди да ја намести косата цел филм а таа избра субмисивна врска со човек што ја остави без егзистенција. Абе ојте отепајте се и двајцата.