Минатава недела, ничим изазван освен можеби од за мене традиционалната предновогодишна досада, се одлучив да изберам 7 филмови од 2021 кои ми се чинеа интересни а до сеа ги немав гледано, и да ги вртам еден на ден. Така да на апсолутно ничие барање, еве ги моите кратки критики подолу.
Nobody - Срање у боја, John Wick за сиромаси. Реално не ги ни доглеав последните 20 минути од шо ми беше тупаџиски. 4/10
Judas and the Black Messiah - Интересно филмче, релативно пријатно ме изненади што не се обидуваше премногу да се шлепа на тој помодарскиот BLM фазон, иако се разбира малце е неизбежно тоа со ваков филм. Единствен проблем ми беше што глумецот кој го глуми споредниот лик на Фред Хамптон толку лесно го надминува главниот лик што дури е и смешно. Бог и шеширџија. 7/10
Pig - Ник Кејџ најозбилно е лудак. Како можеш да толкуваш улоги како оваа или онаа у Leaving Las Vegas, а истовремено да си дозволиш ваков кикс
или ваков?!
Стварно треба нешто да ти фали.
Како и да е, неочекувано длабок филм. Топло го препорачувам. 8/10
The Dig - Рака на срце, предосаден филм. Единствената причина зошто го избрав е пошто стварно го поштувам Рејф Фајнс и сметам дека е меѓу најпотценетите глумци од својата генерација, но земајќи го дури и тоа во предвид пак ме тераше на дремка. Самиот филм од техничка перспектива е сосема океј, исто и приказната, ама гледајте го само ако ви снема дијазепам. 7/10
(П.С. Лили Џејмс + наочари =
)
The Last Duel - Класичен Ридли, нешо као подобар Kingdom of Heaven, или западњачки Рашомон. Единствено ми сметаше што многу од споредните ликови имаа ПРЕамерички акценти, особено свекрвата, а и сцената со црниот пастув ми беше многу смешна и детска, као од некој студентски филм. Двобојот на крај беше еден од најдобрите што сум ги гледал, чиста бруталност. 8/10
Last Night in Soho - Единствената причина зошто го глеав е пошо другар ми го препорача, иначе не би го ни Гуглнал. Не очекував да ми се допадне до толку, но реално 60тите го имаат тој посебен, неопиплив шмек. Мислам имаше некој спомнато баш на темава дека пресвртот на крај е преочигледен, и морам да се согласам. Сепак интересен филм. 7/10
The French Dispatch - Ако за мене Grand Budapest Hotel беше интелектуално самозадоволување, ова е магнум опус. Од глумата, до музиката, кинематографијата, дијалогот; се беше совршено. Чиста 10ка. Гледајте го што побрзо, ако не сте го гледале до сеа.
Тоа би било тоа од мене на темава а воедно и форумов за оваа моја бруцошка '21, Ви посакувам на вас и вашите најмили пуно среќа и бериќет во следната година, и ќе се читаме понатаму