FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.211
Поени од реакции
8.312
3.5/5 солидно филмче
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.893
Поени од реакции
6.167
Последно уредено:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.211
Поени од реакции
8.312
Одлична, исцрпна анализа. :icon_lol:

Јас па си го препрочитав постот за Икиру после лајкот, и морам да направам мала корекција.



Северна Македонија 2021*
само кога сум нашмркан имам идеи за подугачки постови, вака тапа џонсон сум :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Arkansas
мех.
Обичен филм, дури и ме замараше малце. Не ме интересираше.
Не ми се свиѓаат мене вакви полуозбилни криминалистички филмови.

Не може овој Кларк од Офис што личи на пејачот на Lukas Graham да ми биде криминалец. Па каков сака нека е. И Хемсфорт што личи на Пике.
Џон Малкович ко Владо Јовановски, ист.
И Винс Вон, Мајкл Мадсен за сиротињи.

Не знам, онака филм, просек, да испијам уште едно пиво и ќе заборавам дека сум го гледал.

Ете нека има една 6ка од мене, да не бидам суров, а и нема зошто да го казнувам со 1 кога и самиот е казнет на имдб со 6ка, не може да очекувам дека ќе е за 10ка. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.332
Еве ме, пак, ко Laura, воскреснат. Исто ко Laura што успеа да ги воскресне @123456 и @__Vita____ , и ни донесе нов „секташ“ во „сектавa“, @Beric Dondarrion , и се надевам ќе остане да не дружи подолго, ќе види дека и не сме така лоши тука (за сите тројца особено се радувам). Laura успеа да натера дури 15-мина да ја гледаат, што е најголем број гледачи во последните 4 филма. Ја испуштија:

@bobipp - прв неизгледан филм
@Setsuko - втор неизгледан (жолт картон)
@Imperatorot и @Shawn Spencer - трет неизгледан (црвен картон, кој знаете, ништо не значи освен што ве носи на дното на листата предложувачи).

Средната оценка за Laura е 7,3 (без оценката на @Beric Dondarrion која не ја видовме).

LAURA

Јас па ич не сакам црни чаеви и @Corvus го знае тоа, затоа веројатно сто пати ми го имаше предложено филмов пред да дојде предлогот во клубов, и сега се покајав што 100 пати ја „изигнорирав“. Ова беше до некаде преблаго за да можам да го сместам во ист кош со било кој друг ноар кој сум го гледал. Веројатно затоа и толку ми се допадна. Од старт имав забелешка за приказната од типот: како можеле да не познаат дека не е Лаура убиената, се додека не дознав дека на убиената и било пукано в лице. Првиот дел ме потсети на Rebecca, зашто почна со истрага за убиство на ликот по кој е насловен филмот, па претпоставив дека истиот нема да биде присутен до крај, ама набрзо ја отфрлив таа идеја. Искрено, мене не ми беше толку mindblowing твистот со враќањето на Лаура зашто нели знаев дека е ноар, а до тогаш не видов силен женски лик кој е една од карактеристиките на ноарите, па така, кога детективот влезе во нејзиниот стан, си сипа од алкохолниот пијалак додека одеше од соба во соба, и додека свиреше драматичната музика, ја очекував Лаура да се појави од позади некоја сенка, со пиштол в рака, и да му свирне куршум в чело, or something, и мислев дека ќе има таков некој твист дека го исценирала своето убиство. Ама твистот за мене беше што до крај не го најдов силниот женски лик тука. Лаура не беше femme fatale, туку жртва. Затоа филмов мене ми го немаше во целост тој ноар вајб, плус и далеку поведар и понаивен беше од било кој ноар кој сум го гледал, а со тоа и погледлив. 8/10 од мене (оценката е вметната во тој просекот од погоре). Одличен предлог, @Corvus , big like.

Вие веќе почнавте, па само да потврдам дека продолжуваме до 30.05.2021 со Arkansas на @SK-92 . Тоа е негов четврт предлог во клубот, по The Professor and the Madman, The Limits of Control и The Immigrant, сите предлози во вториот дел од клубот, кога имавме малку поинакви правила. Ќе видиме што ќе донесе овојпат.

Листата на членови во клубот е update-увана.
Letterboxd листата исто така.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.908
Поени од реакции
23.598
Овој ниту јас не го завршив. :D
Мислам дека беше и последен филм предложен...
Тогаш само јас @moongoses, @Saladin и @Anon гледавме. Ептен досадно кога ќе се спореди со оваа година. Си предложил филм, гледаш следен предложен од Saladin, па пак си ти за предложување... :sick:
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Arkansas 2020


Мене филмов не ми остави никаков впечаток, ниту па ме обземаа некакви чувства дур го гледав. Не знам.. ми фалеше некоја подлабока мистерија или позаплеткани ситуации од непредвидливо убивање на човек и копање дупки кај ќе стасаш за да го сокриеш телото.
Интересен, гледлив но горе-доле според мене беше боза. А можеби и јас, потсвесно поставувајќи си големи очекувања за филмов, згрешив уште на почетокот.

5/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Зошто Џонка си му ставил 4/10 на Летер, а овде викаш 6/10? Чуму лаги и превари? :D
20210520_200428.jpg
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.908
Поени од реакции
23.598
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.332
Лелелелеле, едвај го чекам предлогот на Џонтра. Баш сега гледав - СЕ БЛИЖИ, НАРОДЕ!!!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Лелелелеле, едвај го чекам предлогот на Џонтра. Баш сега гледав - СЕ БЛИЖИ, НАРОДЕ!!!
2 филма иам предложено до сега и двата наидоа на доста позитивни критики. Така ќе биде и овојпат драги мои колеги. :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328

Kajgana Shop

На врв Bottom