FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Arkansas

Кај да се почне и заврши со филмов. Океј, можело и боље да се изведе сценариово. Низ истиот, се провлекува некое константно чувство на нискобуџетност и (не сакам да кажам ама морам) аматеризам. Помеѓу овој и другиот избор, СК92 подобро ќе бил другиот, скоро на сите ни е на вочлиста и само чекаме изговор за да го гледаме, иако и овој беше солиден избор за клубов, зашто јас овој не би го глеала сама од себе, ама филмов е... заборавлив. Структурата не ми се допадна со чаптерите напред назад цело време, додека се внесам во еден чаптер, почнал нов. Хуморот, особено од ликов на режисеров ми се допадна, женската ми беше вишок, не и ја видов поентата во филмов. Меѓу поинтересните ликови ми беше оној на Џон Малкович кој имаше интересни реплики, Винс Вон онака, на моменти забавен на моменти затупува. Кудос за Лиам Хемсворт кој сам го носеше филмов, човекот е познат по вакви нискобуџетни филмови и браво за него што си прави име на страна од брат му.

Се на се,
6/10.
Автоматски споено мислење:

Arkansas
мех.
Обичен филм, дури и ме замараше малце. Не ме интересираше.
Не ми се свиѓаат мене вакви полуозбилни криминалистички филмови.

Не може овој Кларк од Офис што личи на пејачот на Lukas Graham да ми биде криминалец. Па каков сака нека е. И Хемсфорт што личи на Пике.
Џон Малкович ко Владо Јовановски, ист.
И Винс Вон, Мајкл Мадсен за сиротињи.

Не знам, онака филм, просек, да испијам уште едно пиво и ќе заборавам дека сум го гледал.

Ете нека има една 6ка од мене, да не бидам суров, а и нема зошто да го казнувам со 1 кога и самиот е казнет на имдб со 6ка, не може да очекувам дека ќе е за 10ка. :D
не знам зошто воопшто ти лајкам тебе наместо на игнор да те ставам :noze:
 
Последно уредено:

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.165
Arkansas najverojatno nema da go gledam. Mozebi ponatamu ako brkam prosek, vaka izgleda kako run of the mill sekoe vtoro filmce sto netflix go forsira 2 3 dena na pocetna pred da se izgubi vo postoenjeto. Ponatamu, i promise.

Andhadhun go gledav preeska, spojleri

Kakvi se ovie the greatest trick the devil ever pulled, indiski almost shot for shot kevin spacey losing the limp, usual suspects kraevi? :pos:

Filmot e poveke komicen odosto crime a se sfaka seriozno i zanemaruva komedijata. Precesto bese so promasen ton ama vakvi rolerkosteri praese samo gospodinot m night. Negovite tvistovi uz meth bi rezultirale so filmot. Na moment duri me izmorija AMAN vleguvajki od edna vo druga. Pa vrz edna scena idese bond theme song, mislam deka bese koga ovie kidnaperite sto prodavaa organi se gonea i policaecot rani eden od niv, drugava go nosi u bolnica i tamu i vikaat umira ovoj, you can donate his organs :pos: :pos:

Abe ne e normalen filmot a go pcuev anon, si velam aman uste eden muzicki film u krugov, morav da otvoram excelot da vidam vo koj krug na dante sme, get it?

Napravete edna kofa pukanki i pustajte.
7 od 10.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.215
Поени од реакции
8.315
Аии Аноне сине топ филм, не сум ја по блогерството со долги постови да опишувам што како
Филмов коа ке видиш трае 2часа и 5мин.
9/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.928
Поени од реакции
23.710
Andhadhun (2018)

:bravobe:

Ова е досега најдобриот филм според мене во филм клубов.
Никогаш не би го пуштил без препорака, но филмов е топ. Заедно со The White Tiger кој го гледав пред некое време се одлични индиски филмови и почнаа да ми го мењаат мислењето за Боливуд. Препорака и за тој филм.
Комплетно го задржува вниманието иако јас направив мала грешка што го пуштив вчера вечер, ама не од што го гледав на два пати, тоа воопшто не беше проблем туку дека останав до 1.30 и сега сум како зомби. Ми се спие ми се плаче, ама барем вредеше. Секако можеше да се деси тоа време да го поминам во гледање филипинци како градат колиби во некоја шума таму и прават апратман од 5 ѕвезди.
Генијална замисла. Немам гледано ваква приказна досега. Баш добро ми легна.
Одлична глума, топ музиче, комичен, возбудлив, тензичен и иако воопшто не сум фан на се што е индиско овoj пат тоа не беше случај. Онаа песнана со невините очи беше закон. :)

8.5/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.902
Поени од реакции
6.190
Arkansas

Овака значи изгледа кога си late bird? Не можам да прочитам се, а да не наидам на некој спојлер. :D
Од она што прочитав, се сложувам со сите вас за филмот, дека е баш тоа, незабележителен, ништо посебен филм кој ќе се заборави до утре. Добро е што беше предлог во клубов, зошто инаку не би го пуштил овака.
Да не должам многу, од мене добива просечна 6-ка.

Се надевам со следниот нема да каснам. :D
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Andhadhun (2018)

Е, вака веќе може. :D Ова е првиот филм во клубот што всушност ја оствари целта зошто учествувам, нешто што никогаш не би го пуштила сама, а би ме изненадило и би уживала комплетно. Во животот имам изгледано едвај 3-4 индиски филмови, и траеле повеќе од 3 часа, оти нели не можат да се изнаиграат и изнапејат и секој филм го претвораат во мјузикл. Но, тука помогна што ликот беше музичар, па честото пеење и играње имаше смисла.

Првата мисла по шокантното откритие дека ликов уствари фејкува слепило ми беше - а што ако стварно ослепи на крај па сето тоа преправање ќе му биде потребно? Оh, you sweet summer child... Абе се гледа ли ваков филм година дена по извршена ласерска операција на очи? :гик:

Ми се допадна како концептот за поетска правда провејуваше за судбината на ликовите. И црниот хумор што го вметнаа беше on point. Првата половина од филмот не трепнав, развивањето на дејството со серија настани не дозволуваше ни малку да ми опадне вниманието. Потоа revenge делот стана каша попара, па не се знаеше кој пие кој плаќа. Многу ме потсети на Parasite, кога „паразитите“ ја запоседнаа куќата. Така и овде препродавачи на органи, доктори, полицајци, сè се измеша и секој гледаше корист за себе. Просто да си речеш добро има ли чесен човек во таа Индија? Стилот некако ме потсети на нашите македонски филмови како „Викенд на мртовци“ и „Балканкан“ кајшто станува еден таков општ хаос. Неизбежна ми е споредбата со нашиот менталитет и поради комшиката од спротива што ја „вклучила камерата“ пикајќи го носот во туѓи животи, само поради чиста љубопитност. Ретко се гледа тоа во американски филмови. Мислам дека многу поинтелигентна опција ќе беше пијанистов самиот да смислеше некој совршен план за одмазда, некако очекував таква втора половина каде што ќе ја добие својата правда.

Преубаво ја вклопија сцената со којашто отворија, нишанот кон зајакот и целата таа коинциденција на приказната што се отплетка после. Како и Inception финишот. Ми се допаѓаат такви финти. Паѓам на такви сценаристички и режисерски решенија.

Видов дека некои музички потковани критичари имаат технички замерки од типот актерот требало да се потруди многу повеќе за да личи дека навистина свири пијано. Нотите и тактот воопшто не биле синхронизирани со движењата на неговите прсти. Но, како музички неписмен гледач тоа не го ни забележав.

Откако го изгледав филмот, ме интересираше кое е значењето на насловот и дознав дека се изговара Andhaadhoon што е многу интересна игра на зборови. Andha значи слеп, Dhun значи симфонија, а зборот Andhadhundh е придавка за нешто што се движи со екстремна брзина. Полна семантика и симболи се огромен плус за мене и во литература и на филм, за тоа и добива една цела оценка плус, 8/10.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Andhadhun (9/10)

Првите 15-20 минути на воведот и запознавањето со ликовите, додека појде пијанистот да свири на приватната забава, толку беа здодевни, што се чудев каква интересна приказна може да произлезе натаму. Кога се појавија во кадар нозете на подот - аха, почна пресвртот! Ама и не престана до крај.

Не ми е чудно продавање на органи во Индија, па ми беше логично во тој правец да продолжи во еден дел. На моменти смешно, на моменти тажно, па напнато, приказната заврши најинтересно што можеле да смислат сценаристите, дефинитивно се повеќемина, еден не може да смисли толку пресврти во една приказна, а на крај сепак да ја направи интересна.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.215
Поени од реакции
8.315
Во рок од 24часа веке 5 форумаши сме го изгледале, дали е ова рекорд за толку брзо време или сум ја грешка?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
Во рок од 24часа веке 5 форумаши сме го изгледале, дали е ова рекорд за толку брзо време или сум ја грешка?
Така, кога ќе се објави филмот во недела.
 
  • Љубов
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom