ако за следен филм не ставите некој во боја, јас повеќе не играм
Не знам дали си ги читал правилата на филм клубот, но едно од нив гласи вака:
"6.
Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!"
Не намерно е ставено ова правило, затоа што однапред се знае дека некој ќе мрчи. До душа понекогаш и оправдано, затоа што искрено понекогаш на сите ни паѓа тешко да гледаме некој филм кој не ни е по вкус.
Но, баш тие разнолики предлози ја прават уникалноста на ова мало катче на форумот. И без разлика колку нам би ни се допаднал некој филм или не, имаме можност да му дадеме критика на истиот без никој да ни суди или замери за тоа. Нешто што е стварно ретко на форумов.
Да имаш свое мислење, и за истото да не бидеш суден (ако дадеш добро поткрепен аргумент). Впрочем овој клуб има за цел да не зближи нас членовите на истиот, да ни отвори нови хоризонти, да научиме и видиме нешто ново, несекојдневно, нешто што можеби иначе не би го погледнале. А како би знаеле дали е нешто добро ако претходно не сме го "вкусиле"?
Еве јас искрено бев голем противник на црно-белите филмови претходно, при тоа ретко кога сум имал можност да гледам некој од нив, и сум ги хејтал без посебна причина. Без да им дадам можност и да ги погледнам детално, да пробам да ги разберам и да навлезам во нив.
Клубов успеа да ми сруши и други бариери што ги имав кон некои видови/жанрови на филмови, па сега ја немам таа ограниченост како порано. Што се разбира е голем плус и развивање на себе како личност. Можам да кажам дека филмски сум созреал доста за овие две години колку сум член овде. Али да баталам со филозофииве...
Филмовитe ги гледаме тука како почит кон оној што ги предложил, затоа што тој предложува нешто што му се допаѓа, му значи, и нешто што го осеќа блискo. И ете истото решил да го подели овде. Па затоа одвојуваме околу 2 часа во две недели и го удостојуваме со коментар и сопствено мислење. Е сега, колку ги цениш ти другите, толку ќе те ценат и они тебе. Simple as that!