Лаура
Ме израдува предлогов, ноар, стар, детективски филм од кој може да се очекува многу, а и е жанр кој ми лежи, па ми дојде како кец на десетка.
Уживав додека го гледав, се внесував во дијалозите и пажливо ги пратев, обидувајќи се да ја одгатнам мистеријата на филмот. Стариве детективски филмови ми се како да читам книга, ме инспирираат да размислувам, да се внесам во нив, најчесто на местото на детективот и да ги запазувам деталите во филмот. Театралноста не ми смета, напротив, како што спомна Корвус, ми фали до некаде оваков дијалог во новите филмови кои за мене се "сувопарни" и бледи копии без емоционална вредност. Дикцијата е исто одлична да се слушне во тоа време, а нешто што го нема денес. Таа класа, начин на изразување, манири, се нешто што отсекогаш ме привлекувало.
Кога сме веќе кај привлекувањето, ова ми беше прва средба со Џин Тирни. Каква само убавица е.
Црно-белите бои и го истакнуваа лицето на најубав можен начин, просто човек да се заљуби во неа, дали мртва, или жива... Единствено штета што не можев да и ги видам очите, а каква само интересна боја има...
И сите овие воспевања и хвалеспевања за филмот ќе беа уште поголеми, како и воодушевувањето од истиот, ако не го гледав Dial M For Murder пред некоја седмица. И како што пишала Корвус, ако некој може да ја засени Џин, тоа е Грејс Кели, а мене Грејс ми е soft spot.
Не сопре споредбата само меѓу актерките, туку и самите филмови имаа доста сличности во сценаријата, наративот и самиот плот-твист, што на некој начин ми го уништи впечатокот во овој, иако е постар од Хичкоковиот филм. Баш поради тој фактор на lack of изненадување од мене добива
7.5-че. А дека уживав додека го гледав, уживав.