The Constant Gardener
Со цел да не упаѓам у туѓи, одлучив мојот термин да го искористам за рецензија и на овој предлог-филм на
@Leo Bonnie кој заради извесни околности не успеав да го изгледам на време.
Немам многу што да кажам, па ќе бидам кратка. Филмот е релативно просечен во својот жанр, како и во британската кинематографија. Се занимава со тема која своевремено изгледа била актуелна, бидејќи јас сега скоро го гледав и Beyond Borders, филм од раните 2000ти кој имаше слична премиса и идеја - да го покаже тешкиот живот во Африка како сетинг за романса помеѓу главните ликови. Ништо посебно не ми беше ниту тој филм, ниту овој. Не ме палат мене нешто особено вакви репортажни филмови за затуцани места на Земјата, што као треба да ми ги отвори очите - Еве што им прави западниот човек на послабите од него! Романса-wise, еех, премногу трагично и срцепарајуче за мој вкус, а истовремено и премногу англиски студено. Не почувствував некаква хемија, паров ми беше премнгу дистанциран и ладен. Жена му на Бонд премногу шејди во текот на целиот филм, а овој шефот на Бонд малку ко мутав и изгубен, божем имаше некоја огромна љубов меѓу нив, ама јас не ја осетив. А и Волди не ја осети, па требаше братучедов да му каже she loved you rotten. Временските скокови малку ме губеа исто така и ептен се израдував кога филмов го стигна тековното дејство па не мораше веќе да се чудам дали сцената што ја гледам е ретроспектива или не. Кастот супер, случајот што го расплетуваа и откриваа исто така интересен, што ги нивелира негативниве работи па на крај секако некој просек - ни лош, ни добар може да се извади.
6/10