Angst (1983)
Ова траeше едвај час и половина, имав чувство ко да трае 5.
Не, не е проблемот во гадните сцени и клаустрофобијата, туку во монотонијата. Никаква возбуда, ни исчекување, ни тензија. Само просто гадење и одвратност. Воопшто не навлеговме во психата на психото (очигледно дека тоа била целта), туку само ја видовме приказната од негова перспектива.
Клише беше раскажувањето на минатото (2-3 пати!) сите ли психопати имаат минато од типот тато ме напушти, мама не ме сакаше, колев животни ко дете? И немањето стабилна фамилија по дифолт ли е причина за станување садист?
Цел филм го доживеав бледо и празно. Дури ни емпатија кај жртвите не предизвика. Но, доста оригинален предлог за еден ваков концепт, морам да признаам. 4/10.
Laura (1944)
Обично ми се допаѓаат ноари, не ми пречи театралноста во старите црно-бели филмови оти нели баш по тоа се препознатливи. Но не знам, очекував нешто поинакво, поинаков твист покрај „воскреснувањето“ на Лаура. Преочигледен ми беше убиецот, имаше некоја психопатска љубомора - „ако не можам да те имам јас, нема да те има никој“ што ја навестија уште на почеток. И типував на него, па не ми беше откритието некое преголемо изненадување. Плус ликот беше крајно антипатичен со нула харизма.
Некои постапки на детективот ми изгледаа нереалистично и ми беше too much да се заљуби во слика од мртва девојка,
ма колку и прекрасна да беше таа.
Далеку од лош, но колку за споредба Dial M For Murder на пример ми е многу повпечатилив филм од истиов жанр. 7/10.
Arkansas (2020)
Имав чувство како само да се шетаат ликовите навака натака и приказната воопшто не ми беше интересна, дури на моменти се губев во филмот и немав ни волја да следам што се случува. Главните ликови не успејаа да ме натераат да ми е гајле за нивната судбина, ликот Фрог имаше некој потенцијал на почетокот, но за жал не го оствари.
Тарантино за сиромашни. Режисерот ко да сакал да ја прикаже репликата на Малкович за досадата, само што наспроти досадниот криминал, досадниот филм не е добар филм.
Имаше неколку добри one-liners и толку.
Ништо ново не донесе во жанрот, целосно неинвентивен и непотребен филм што требало да остане само на книга. 4/10.