Саем на книгата

Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Сума сумарум, каталозиве трагикомедии, попусти од 40 денари (од 390 на 350), па и 30 кај Бегемот (од 280 на 250). Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш е работава, читам сега еден коментар од револтиран читател по книжевниве групи каде што вика дека "го прогласува саемов за умрен" хаха :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Сакав да го земам новото издание на "Божествена комедија" ама нема ги грам попуст. 450 ден, а од преведените беше 350 ден. Ќе си ја барам на старо. И на Кинг немаат попуст, ниту на биографиите. Тоа што сакав, можам да си го купам преку целата година.
Автоматски споено мислење:

Сума сумарум, каталозиве трагикомедии, попусти од 40 денари (од 390 на 350), па и 30 кај Бегемот (од 280 на 250). Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш е работава, читам сега еден коментар од револтиран читател по книжевниве групи каде што вика дека "го прогласува саемов за умрен" хаха :D
Види ги цените во Србија како се движат, батали стандард сега, и за нив се џабе книгите по 100 динари. И после зошто книгите ги купувале на српски или на англиски јазик. Затоа што се далеку поевтини. Скапо е 600-700 ден. книга, тоа треба да им е јасно. Разбирам дека и авторските права, лектурата и преводот чинат пари, потоа рекламата, вработените, киријата и данокот, ама сето тоа треба да се земе и во предвид и ако не го продадеш тој производ по таа цена, што ќе се случи. Или ќе ми остане или ќе морам да го пласирам по некоја пониска цена и да одам во загуба. И кај класиците, каде нема авторски права, цените им се доста високи. Башка тоа што мал дел од народот чита, а уште помал од тој дел купува книги.
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.225
Поени од реакции
14.508
Еве го каталогот на Арс Ламина/ Литература.мк

Островот со скриеното богатство што пред некој ден го зедов за 100 денари од ТРИ, овие го продаваат 250 денари. :eek:
Добро бе, некоја книга на Тошо Малерот од 96 стр., со мек повез ја продаваат 500 денари!? :confused::D Книга за која не си плаќал ни права ни преведувач. По некоја логика вакви книгички би требало да идат за 150 до 200 денари и да таргетираат поголема целна група. Да стојат во трафика некаде до цигари и да се продава поради популарноста на Тошо и К15, а ретко некој да тргне по цигари и да фрли 500 денари за книга. Али јас и за 100 д не би ја земал, па можда не сум најмеродавен да проценам. За следниот саем, Маријана Стојановска- "Мојот љубовен и сексуален живот" за 2000 денари.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.127

Хари Потер по 600 денари книга, а 200-300 страници се. За 600 денари на англиски ќе ги најдам и ќе уживам во оригиналот.

Швејк книгите што март месец ги имаа снижено двете книги заедно за 350 денари, сега ги продаваат 550 заедно, а книгите се издадени пред 3-4 години.

Орхан Памук, промотивно го продаваа по пониска цена отколку на саемот. Истанбул ја зедов за 360 мислам, саемска цена 450 ден.

Најмизерна издавачка куќа, без разлика што имаат издадено добри наслови.

Тоа за Тошо Малерот е глупост невидена. 96 страници од кои колку што сум видел текст има на пола од страниците, а останатиот дел се слики од Тошо. 500 факинг денари.:D
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.225
Поени од реакции
14.508
Орхан Памук, промотивно го продаваа по пониска цена отколку на саемот. Истанбул ја зедов за 360 мислам, саемска цена 450 ден.
И Орхан Памук го преведуваат од англиски, а веќе имаат преведувачи кои го преведуваа од турски и тоа успешно.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.127
И Орхан Памук го преведуваат од англиски, а веќе имаат преведувачи кои го преведуваа од турски и тоа успешно.
Знам, ама видов откако ја купив книгата. Беше запакувана во фолија и не можев да видам порано. :(

И Снег во издание на Магор им е од англиски преведена. Мизерии.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Одма да го избркаат батето шо му е за стратегија правење. Во држава во која 70% од читателите купуваат книги само на овој саем да не одиш со ниски цени да бидиш дел од пазарот треба да си неписмен. Наследството на шпионите од Ле Каре ја купив од кај нив за 300 сега на саемот е 420... А 250 страни е книгата.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.028
Поени од реакции
24.644
Дигнати цените. Лани и претходните години на пример драмите на Ибзен беа 100 денари книга, сега се 120, пакет од 7 ако земеш за 700 од Македонска Литера. Попусти од 650 на 600. И некои трикови. Магор саемскиот ценовник последниве година дена им е поскап од истиот ценовник пред 2-3 години, за истите книги издадени пред 7+ години, сеуште имам од старите каталози симнато во ПДФ и правам спордеба. Или на пример земете книга од Или-Или од оние со помалку страни и земете една од Дејвид Мичел, значи од истиот издавач. Фонтот на малите книги е поголем, да не грешам душа ама најверојатно за да начукаат на број на страни. Оти кога ќе видиш книга од 56 страни дека е 250 денари е поразлично од книга од 140 страни за 250 денари. Точно е дека не можеш литература така да мериш, но како што пишав еднаш, за мене барем како некој груб rule of thumb, од око, нормална цена за книга е денар страна, зборам оној стандардниот формат како кај Или-Или и Антолог. Секако дека е друго ако се комплицирани препеви, тврди корици или некоја ептен стручна литература за која треба да имаш техничко знаење и од двата јазика или да истражуваш подолго. А особено кога книгата е од македонски автор каде го нема трошокот за превод. По неформален разговор со некои во оваа индустрија, короната и полициските часови кога беа, па и сега, продажбата е зголемена, посебо онлајн. Но и без короната, книгоиздавателството како да е во пораст. Три отворија две нови продавници за краткок период, Антолог втора продавница, Арс Ламина завчера се појавија, вчера отворија неколку дуќани од кои еден огромен во Сити Мол, нови издавачки куќи во последните неколку години Бата, Heroes, Артконект и уште неколку не можам ни да ги пратам веќе. Дали овие фактори во комбинција со типичниот македонски "A тргне малце продажба дигај цени и/или удри на масовно производство без контрола и усери се" менталитет имаат главен удел во тоа што годинава сите издавачки куќи како договорени имаат највисоки цени, а најниски попусти не можам да тврдам со сигурност, ама ако треба да ставам пари тоа би било објаснувањето. Она што е очигледно е поскапувањето и малите попусти, еве како што гледам и од ваши искуства. Не знам, може таргет популација им се оние што купуваат книги за подарок или за себе лично само на саем, земаат тоа што им треба и до следниот саем ретко купуваат, таквите претпоставувам се поголемиот дел од саемските купувачи, кој собере од кајмакот собере за тие 5-6 дена. Сите ние во текот на годината купуваме разни работи од храна до технологија, до туристички аранжмани и нормално не ги пратиме цело време цените на сите тие работи. Претпоставувам дека тоа им е математиката, удри сега цена највисока, стави акцент на новиве изданија стандардно по фул цена без попусти затоа што е "најнов хит и бестселер по Филаделфија Хрониклс" затоа што 90% од купувачите ќе ти бидат тие. Останатите да речеме грубо 10% што активно следат цени и ќе не заобиколат, се колатерална штета, вкалкулиран трошок, рипчето што го фрламе за да го фатиме крапот и така саемскиот леб не го вадиме од нив. Што е нормално, колку и за читателите да е пасија и на книгите да гледаат како на "нешто свето" на крај на денот за нив е сепак бизнис, да извадиш најмногу пари како и политика на самата издавачка куќа, нивен избор е како ќе се постават за саемот, наш избор е дали и што ќе купиме. Од мое искуство посебно за оние што не следат активно, ако не ви се брза, ако не се работи за некоја книга што долго сте ја чекале или не е некоја посебна прилика или слично, ако попустот е помал од 25%, големи се шансите дека во текот на годината, во тие летни, новогодишни и слични попусти што самите издавачи ги прават таа книга да ја начекате и за подобар попуст. Тука е секако ризикот дека ќе се распродаде, но тоа поретко се случува.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.739
Поени од реакции
36.628
Еве го каталогот на Арс Ламина/ Литература.мк

Островот со скриеното богатство што пред некој ден го зедов за 100 денари од ТРИ, овие го продаваат 250 денари. :eek:
Овие не ни имаат попуст. Хари Потер редовни цени му се 650-650-700. Истите и на Саем.

Разочаран од Саемот. Ќе тркнам само до Или Или за новите наши романи и ќе прошетам само да не начекам нешто кое сум мислел дека е распродадено, како лани Пруст во Три. За Затвореникот од Азкабан и некои други што ги меркав ќе чекам подобри времиња.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.127
Арс Ламина и Три културно се одминуваат, Ѓурѓа и Сакам книги нејќам ни да ги погледнам, од Бата Прес не ми фаќа око ништо, Бегемот најверојатно ништо.

Единствено во план ми се кај Или Или новите романи од Петар и Фросина, Аб'т од Ќорвезировска (го меркам уште откако излезе), Пропаст и Се мислам да ставам крај (така мислам беше насловот), од Култура ја сакам книгата од Коле Ангеловски и нешто од Темплум, евентуално Магор (зависи што попуст ќе имаат).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.739
Поени од реакции
36.628
А, да, ако има на некој штанд останато нешто од Табернакул, би зел, без оглед на цената. Особено од „Четврт библиотека Табернакул со јогурт“ едицијата. Ги собирав последниве неколку месеци од по продавачите на фејсбук, ама има уште добри наслови кои би ги зел.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Дигнати цените. Лани и претходните години на пример драмите на Ибзен беа 100 денари книга, сега се 120, пакет од 7 ако земеш за 700 од Македонска Литера. Попусти од 650 на 600. И некои трикови. Магор саемскиот ценовник последниве година дена им е поскап од истиот ценовник пред 2-3 години, за истите книги издадени пред 7+ години, сеуште имам од старите каталози симнато во ПДФ и правам спордеба. Или на пример земете книга од Или-Или од оние со помалку страни и земете една од Дејвид Мичел, значи од истиот издавач. Фонтот на малите книги е поголем, да не грешам душа ама најверојатно за да начукаат на број на страни. Оти кога ќе видиш книга од 56 страни дека е 250 денари е поразлично од книга од 140 страни за 250 денари. Точно е дека не можеш литература така да мериш, но како што пишав еднаш, за мене барем како некој груб rule of thumb, од око, нормална цена за книга е денар страна, зборам оној стандардниот формат како кај Или-Или и Антолог. Секако дека е друго ако се комплицирани препеви, тврди корици или некоја ептен стручна литература за која треба да имаш техничко знаење и од двата јазика или да истражуваш подолго. А особено кога книгата е од македонски автор каде го нема трошокот за превод. По неформален разговор со некои во оваа индустрија, короната и полициските часови кога беа, па и сега, продажбата е зголемена, посебо онлајн. Но и без короната, книгоиздавателството како да е во пораст. Три отворија две нови продавници за краткок период, Антолог втора продавница, Арс Ламина завчера се појавија, вчера отворија неколку дуќани од кои еден огромен во Сити Мол, нови издавачки куќи во последните неколку години Бата, Heroes, Артконект и уште неколку не можам ни да ги пратам веќе. Дали овие фактори во комбинција со типичниот македонски "A тргне малце продажба дигај цени и/или удри на масовно производство без контрола и усери се" менталитет имаат главен удел во тоа што годинава сите издавачки куќи како договорени имаат највисоки цени, а најниски попусти не можам да тврдам со сигурност, ама ако треба да ставам пари тоа би било објаснувањето. Она што е очигледно е поскапувањето и малите попусти, еве како што гледам и од ваши искуства. Не знам, може таргет популација им се оние што купуваат книги за подарок или за себе лично само на саем, земаат тоа што им треба и до следниот саем ретко купуваат, таквите претпоставувам се поголемиот дел од саемските купувачи, кој собере од кајмакот собере за тие 5-6 дена. Сите ние во текот на годината купуваме разни работи од храна до технологија, до туристички аранжмани и нормално не ги пратиме цело време цените на сите тие работи. Претпоставувам дека тоа им е математиката, удри сега цена највисока, стави акцент на новиве изданија стандардно по фул цена без попусти затоа што е "најнов хит и бестселер по Филаделфија Хрониклс" затоа што 90% од купувачите ќе ти бидат тие. Останатите да речеме грубо 10% што активно следат цени и ќе не заобиколат, се колатерална штета, вкалкулиран трошок, рипчето што го фрламе за да го фатиме крапот и така саемскиот леб не го вадиме од нив. Што е нормално, колку и за читателите да е пасија и на книгите да гледаат како на "нешто свето" на крај на денот за нив е сепак бизнис, да извадиш најмногу пари како и политика на самата издавачка куќа, нивен избор е како ќе се постават за саемот, наш избор е дали и што ќе купиме. Од мое искуство посебно за оние што не следат активно, ако не ви се брза, ако не се работи за некоја книга што долго сте ја чекале или не е некоја посебна прилика или слично, ако попустот е помал од 25%, големи се шансите дека во текот на годината, во тие летни, новогодишни и слични попусти што самите издавачи ги прават таа книга да ја начекате и за подобар попуст. Тука е секако ризикот дека ќе се распродаде, но тоа поретко се случува.
Констатација која би ја аплицирал за секој саем десет години уназад. Ама пак сум одел по саеми, шо да праам.
Епа оваа година нече мочи. И покрај тоа што можам да си приуштам многу повеќе литература ради ковид рестрикциите по кафани и стабилен буџет, бар до сеа.

Сума сумарум, бољи се индивидуалните попусти него ли групниов саем освен за човек кој сака сите книжари на едно место да ги начека. Па макар и да дал некоја стотка повеќе.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.225
Поени од реакции
14.508
А, да, ако има на некој штанд останато нешто од Табернакул, би зел, без оглед на цената. Особено од „Четврт библиотека Табернакул со јогурт“ едицијата. Ги собирав последниве неколку месеци од по продавачите на фејсбук, ама има уште добри наслови кои би ги зел.
Баш сакав да пишам дека не е проблем што некоја книга чини и 500 денари или повеќе. Токму таа едиција е пример за тоа како треба. И јас овој период купив неколку на старо на ФБ и знам дека и покрај тоа што ги продаваа од 300 до 500 ден, бргу ги снемуваше. Како само ми избега Куцкамен...:(
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.836
Поени од реакции
36.871
Сите наслови што би сакал да ги земам се скоро без попуст или низ годината биле на поголем попуст. Баш како што вели Сусаро, скокна продажбата на книги со Корона кризата и сега гледаат да профитираат, што е сосем легитимно од нивна страна. Нивни бизнис и они најдобро си ја знаат математиката. Мислам дека најмногу ќе се офајдат Сакам Книги, Култура и издавачите на слична литература кај што нивни читатели доаѓаат на саемот, товарат еден куфер книги што ги прочитале по Фејсбук групите и виделе дека тоа се чита периодов. За разлика од нив другите издавачи како Или-или или Бегемот мој впечаток е дека имаат читателска публика која поактивно ја прати книжевната сцена кај нас па повеќето што имаат план да купат знаат дека сигурно ќе ги начекаат книгите по пониска цена и сега најверојатно ќе почекаат.

Ќе свртам некој круг до саемот, може нешто од Табернакул ќе се начека или некои други исцрпени изданија и обавезно Академска Книга, мада тоа повеќе би сакал да им ја посетам новата продавница.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom