Или Или, по стоти пат ќе речам: алал нека им е! Успеаја од една мртва македонска книжевна сцена да создадат листа од писатели, наши, млади, за кои по секој издаден роман или збирка раскази луѓето едвај чекаат да ги купат и прочитаат. Листата на книги од македонски автори е позвучна од таа со преводна литература, а ова изгледаше како научна фантастика пред само неколку години.
Малку сум заостанал со некои нивни изданија, па така сега без 6-7 книги не си одам од Саем. Новите на Фросина и Петар - обавезно. Од Петар не сум ја зел и Страв од варвари, и таа обавезно. Би ги зел и Шрапнел на Игор, Не одам никаде од Румена, Улиците што ги нема на Оливера Ќорвезироска, и уште некоја што ќе ми фати око на лице место.
@џимеј , ти ако одиш, кажувај, уште ми должиш посвета.