Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Јас бев! Еве што собрав - сепак само тоа по кое што и одев. ASOIAF на македонски само за да ја дополнам полицата. Златната серија на Весели четвртак редовно си ги купував, ама овие броеви ми фалеа од времето на корона изолациите. Уште ми фалат 17 и 18, ама ги немаше со А корица, па ќе ги барам во Бункер директно. Тие двете вертикалните се подароци - атлас за син ми и некоја глупост за која дадов 270 денари, ама морав, заради корицата. Разговор со Спиноза беше подарок од Топер. Скакулци од Петре М Андреевски за да ја комплетирам едицијата, која еднаш ми беше комплетирана, но Скакулци ми ја украде една бебиситерка.

Вистинскиот улов се тие шесте најгоре, од Или Или. Само тие и ќе бидат прочитани, најверојатно.
Прегледај го приврзокот 265624
Ако не ја најдам Разговор со Спиноза, мојт да ја купам од тебе? Мислам еднаш рече дека ја имаш веќе.
 
Секако. Друго издание е тоа, ама нема врска. Инаку, барај ја на штандот од Топер, 100% ја има.
 
Сабајле планирам да одам, ќе видиме дали ќе имаат уште еден примерок за мене. :D
 
Јас бев! Еве што собрав - сепак само тоа по кое што и одев. ASOIAF на македонски само за да ја дополнам полицата. Златната серија на Весели четвртак редовно си ги купував, ама овие броеви ми фалеа од времето на корона изолациите. Уште ми фалат 17 и 18, ама ги немаше со А корица, па ќе ги барам во Бункер директно. Тие двете вертикалните се подароци - атлас за син ми и некоја глупост за која дадов 270 денари, ама морав, заради корицата. Разговор со Спиноза беше подарок од Топер. Скакулци од Петре М Андреевски за да ја комплетирам едицијата, која еднаш ми беше комплетирана, но Скакулци ми ја украде една бебиситерка.

Вистинскиот улов се тие шесте најгоре, од Или Или. Само тие и ќе бидат прочитани, најверојатно.
Прегледај го приврзокот 265624
Како си ги наредил овие од Или-или ко да се цел серијал. Фросе коа ќе потпишува, знаеш? Нејќам лично да ја прашам, незгодно ми е.

@Sussaro У глобала истиот филм го глеаме веќе десет години и јаче на саемов. Со ретки изненадувања, или како што велиш бисери во калта. Треба многу трпение и буричкање во тој шунд за да се извади најдоброто и најисплатливото. За жал оноа што јас го барам одамна е распродадено, или го има но со астрономска цена + не се совпаѓа од таа издавачка куќа од која сакам да го имам. По малку снобовски делува ова, но не трпам неквалитет во пишаниот збор, посебно ако се работи за наши преводи.
 
Прилично задоволен. Мислам дека купив добри наслови, со некои мали измени од списокот. Пропаст од Или Или ја заменив со Читачот и Црвец, останатите ми беа во план.
Пријатно се изненадив што Кво вадис и Мртво море беа само 100че на штандот на Три.

20200909-130359.jpg
 
Прегледај го приврзокот 265696
Која цена се двете од Темплум?
 
Колку е Десетте? И општо како се Темплум со попусти, немаат ни каталог ни ништо?
Кој знае колку попуст даваат. Немаат ни функционална страница со редовни цени, таа што ја имаат им е без цени, а на КупиКнига имаат едвај две-три книги ставени.
 
Па затоа. :unsure: А сигурна сум пред некоја година дека имаа каталог со цени, ама кој ќе го бара..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom