Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Како до картичка?
Бесплатна е, само треба да пополниш флаерче со твои податоци кај нив, ама почетен попуст им е 10% мислам. Колку повеќе купуваш, толку поголем попуст ќе имаш наредната година со картицата.
 
Македоника Литера нема да бидат на Саем заради лошите услови кои им ги понудил организаторот, ама затоа од 7 до 15 септември ќе имаат онлајн саем.

За нарачки во износ над 400 денари, доставата е БЕСПЛАТНА до базата на карго или препорачано по пошта, за нарачки над 600 денари доставата е БЕСПЛАТНА до врата, а за нарачки над 1.500 денари одобруваме ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ
‼️

Со секоја нарачка – мал подарок!
Порачка на емаил: makedonikalitera@gmail.com , makedonikalitera@yahoo.com ; преку
фејсбук страницата:
https://www.facebook.com/makedonikaknigi/
Увид во изданијата на: www.makedonikalitera.mk

Еве го и каталогот:
 
Tаман кога си реков дека не може да се поскапи цениве од каталозиве, ама чекам и од Литература и таму ќе има цени само за виѓавање :D
Таму нормално. Не очекувај ништо помалку.
 
Полица лани имаа класици по 100че, сега гледам стандардната понуда пак ја ставиле. Три со истите цени се од последниот нивни саем. Ги чекам и ПНВ, секоја година скоро сите книги им се 100че, а лани имаа и 5+1! Ламина, само ако имаат попуст на Кинг, инаку се многу скапи. Што е ова 650 ден книга!? Секогаш одат со тоа колку кафиња можат да се купат со тие пари. Ај не, ајде да видиме колку книги може да се купат со тие пари од друга издавачка куќа?

И Икона ако излезе со класиците кои се околу 100че, не се скапи и без попуст ама нема врска, и тука нешто би купил. Не сакам да бидам толку негативен, ама цените реално им се доста високи.
 
Последно уредено:
Или Или, по стоти пат ќе речам: алал нека им е! Успеаја од една мртва македонска книжевна сцена да создадат листа од писатели, наши, млади, за кои по секој издаден роман или збирка раскази луѓето едвај чекаат да ги купат и прочитаат. Листата на книги од македонски автори е позвучна од таа со преводна литература, а ова изгледаше како научна фантастика пред само неколку години.

Малку сум заостанал со некои нивни изданија, па така сега без 6-7 книги не си одам од Саем. Новите на Фросина и Петар - обавезно. Од Петар не сум ја зел и Страв од варвари, и таа обавезно. Би ги зел и Шрапнел на Игор, Не одам никаде од Румена, Улиците што ги нема на Оливера Ќорвезироска, и уште некоја што ќе ми фати око на лице место.

@џимеј , ти ако одиш, кажувај, уште ми должиш посвета. ;)
 
Се што спомна од горните наслови немаш утка.
 
Од Или Или најмногу ќе се пазари, е сега планирам до 1500-2000 да идам, а само од Или Или тоа што сакам да го земам надмина 2000 ден. :ROFLMAO:

Видеќемо, што ќе отпадне од списокот. Изгледа на лице место ќе правам еци-пеци-пец. :sramezliv:
 
Мене само Јуда од Амос ми е фикс но не знам шо друго да земам. Најверојатно на македонски автори и класици ќе се фрлам годинава. Умерените од Три по 60 денари попусти, Арс Ламина можи поскапи да бидат сега.

Сега ги гледав новите авантури на Поаро од нова авторка, ги имате читано некој? Како и на повеќето и мене почетоците ми се со Агата и Поаро но имам некоја одбивност кон стари ликови од нови автори. Истото и со Девојката... од Стиг Ларсон. Трилогијата ми е супер ама немам прочитано ништо после то од новиот автор.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom