Јас сепак препорачувам сите да земат обична (Blu-ray) верзија, никогаш не се знае. Можеби некогаш некои игри ќе се поевтини во продавница отколку на PS Store. И плус, физичките игри може да се позајмуваат и продаваат, а дигиталните не. А на мене (за вас не знам), поубаво ми е кога си ја држам играта во рака, тогаш сум си сигурен дека играта си е 100% моја. Исто така, ако некогаш нешто се деси на PS акаунтот, сите дигитални игри ќе се изгубат со него, а ако имаш физички копии, тие ќе си останат сигурни, ако ме разбравте.