- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.926
- Поени од реакции
- 116.355
Јасно јасно, се слагам со се. Мое мислење е ваљда дека Клоп премногу верува во своите играчи и сметаа дека нема потреба да прават потреси во екипата и да истиснуваат играчи од прв тим. Ориги и Шаќири пак ќе покриваат напред од клупата, за средината се знае веќе, немаат они дефинирана тројка па цело време истите да играат, него во зависност од противникот менува Клоп, лево ќе покрива Милнер, десно Гомез по потреба кога ќе треба да искочи Арнолд и тоа е тоа у глобала. Очекувам и двете екипи бодовно да имаат послаба сезона од лани, што до негде е и нормално затоа што такво нешто баш ретко се случува.Како што реков, се надевам ќе можат пак до крај да се борат, па добро би било и да освојат затоа што не одговара Сити премногу да доминира.
Ама Сити го освежи тимот, Ливерпул не. Само заради тоа мислам дека пак ќе се чекор зад нив. Само еден квалитетен играч да донесеа бар. Дури и да не се наметне како стартер, сепак тера некој од стартерите да дава се од себе. Лани ете Сити само Марез го донесоа и 90% од коментарите овде беа дека Стерлинг ќе седи на клупа. Што се случи? Стерлинг изигра ненормална сезона, заслужено ќе беше и POTY да земеше.
Заборавив да пишам оти Кансело ќе е топ засилување за Пеп, сака он такви офанзивни бекови со добар центаршут. Назад ваљда во тројка ќе играат Стоунс, Вокер и Лапорт, или место Вокер Отаменди. Овој Родри не да не ми се свиѓа ко играч ама ајде, оставам простор да искине под водство на Пеп. И лани ми беше мрљав во Атлетико, пишав еднаш во Ла Лига и одма ме нападнаа, скроз несигурен ми е со топка, еве и во супер купов беше како со две леви, милион погрешни пасови и чудни одлуки али како што реков оставам простор се тоа да се среди под водство на ПеБ.