По завршување на трансфер периодот, еден краток осврт и од мене.
Манчестер Сити - ги донесоа Родри и Кансело, плус тој Анџелино да пополни бројки. Родри им е ептен квалитетна замена за Фернандињо, а Кансело верувам дека ќе им биде апгрејд на Вокер. Повторно главен фаворит за титулата, и очекувам повторно да ја одбранат.
Ливерпул - ептен чудно лето од нив. Наместо да го искористат тоа што се европски шампиони и да донесат некое јако име кое според мене им беше потребно како што реков претходно, они не земаа никој. Во најлош случај ќе треба да ја повторат ланската сезона за да направат нешто, а тоа ми делува невозможно. Се надевам пак ќе успеат да се борат до крај.
Челзи - трансфер бан, го изгубија најдобриот играч, Хазард. Пулишич е нов играч кој би можел да помогне, и потпишан Ковачич кој иако никого не импресионираше лани, изгледаше како нов играч во поразлична позиција на припремите. Ги вратија и Рис Џејмс, Зума, Томори, Маунт, Абрахам и Мичи од позајмица за во прв тим. Ни како фан на Челзи не знам што да очекувам од тимот. Доколку младинците го исполнат хајпот, се надевам би можеле и во борба за топ 4 да се вмешаат. Од друга страна ако тргнат работите наопаку, би можело да е ептен лошо.
Тотенхем - ги донсоа Ндомбеле, Ло Селсо и Сесењон на веќе добро склопен и стабилен тим. Го задржаа Алдервирелд и изгледа ќе го задржат и Ериксен, двајца играчи кои се очекуваше да си одат. За Ериксен не ја исклучувам можноста да има некој пресврт до септември. Би требало да се сигурни за во топ 4.
Арсенал - позитивен трансфер период за нив. Себаљос би требало да им помогне во средина, Пепе е неочекувано и квалитетно засилување за крило. Тиерни не знам што играч е, ама читам пофалби, а за Луиз како што реков може не им е баш некој апгрејд, ама сепак е подобар од се што имаа на располагање. Доколку се им оди ко што треба очекувам и они конечно да влезат пак во топ 4.
Манчестер Јунајтед - некако како да се во иста позиција како и лани на почетокот на сезоната. Доста ја појачаа одбраната со АВБ и Мегваер, нема збор за тоа. Џејмс не може да се очекува одма да има некој импакт, ама оставам простор са изненади. Во средина си отиде Ерера, не донесоа замена. Си отиде Лукаку, не донесоа замена. Погба сакаше да си оди, ама успеаа да го задржат. Ќе видиме како ќе се покаже тоа. Напред играта треба да им ја носат Рашфорд и Марсијал, преталентирани играчи, но играчи кои до сега се немаат покажано како константни. Според мене ќе се мачат за топ 4.
Тука се и Лестер, Евертон и Волвс, екипи кои доста се засилија и имаат квалитетни состави. Ќе притискаат и ептен тешки ќе бидат натпреварите против нив сезонава.