Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?


  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Лестер ќе везе по терен. И онака играа супер под Роџо откако ги презема, сега со Ајозе Перез како топ засилување за нив, Медисон и Тиелеманс уште подобри сезони очекувам да имаат и Варди на ниво, ќе бидат супер за око.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Pa ne znam sto tocno igra on, ne bese poofanziven? Mada nema veze ete i on neka e vo grupava, ali i bez nego za Lester se Real Madrid.

Inaku posekako ocekuvam Lester da bidat zaebana ekipa, Brendan e odlicen trener i imaat solidna ekipa. Ocekuvam vo prvi 8-9 da bidat.
Толку и им е рангот, сакале или не ама сакам Волвс да избацат некоја екипа од топ6.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.562
Поени од реакции
52.359
По завршување на трансфер периодот, еден краток осврт и од мене.

Манчестер Сити - ги донесоа Родри и Кансело, плус тој Анџелино да пополни бројки. Родри им е ептен квалитетна замена за Фернандињо, а Кансело верувам дека ќе им биде апгрејд на Вокер. Повторно главен фаворит за титулата, и очекувам повторно да ја одбранат.

Ливерпул - ептен чудно лето од нив. Наместо да го искористат тоа што се европски шампиони и да донесат некое јако име кое според мене им беше потребно како што реков претходно, они не земаа никој. Во најлош случај ќе треба да ја повторат ланската сезона за да направат нешто, а тоа ми делува невозможно. Се надевам пак ќе успеат да се борат до крај.

Челзи - трансфер бан, го изгубија најдобриот играч, Хазард. Пулишич е нов играч кој би можел да помогне, и потпишан Ковачич кој иако никого не импресионираше лани, изгледаше како нов играч во поразлична позиција на припремите. Ги вратија и Рис Џејмс, Зума, Томори, Маунт, Абрахам и Мичи од позајмица за во прв тим. Ни како фан на Челзи не знам што да очекувам од тимот. Доколку младинците го исполнат хајпот, се надевам би можеле и во борба за топ 4 да се вмешаат. Од друга страна ако тргнат работите наопаку, би можело да е ептен лошо.

Тотенхем - ги донсоа Ндомбеле, Ло Селсо и Сесењон на веќе добро склопен и стабилен тим. Го задржаа Алдервирелд и изгледа ќе го задржат и Ериксен, двајца играчи кои се очекуваше да си одат. За Ериксен не ја исклучувам можноста да има некој пресврт до септември. Би требало да се сигурни за во топ 4.

Арсенал - позитивен трансфер период за нив. Себаљос би требало да им помогне во средина, Пепе е неочекувано и квалитетно засилување за крило. Тиерни не знам што играч е, ама читам пофалби, а за Луиз како што реков може не им е баш некој апгрејд, ама сепак е подобар од се што имаа на располагање. Доколку се им оди ко што треба очекувам и они конечно да влезат пак во топ 4.

Манчестер Јунајтед - некако како да се во иста позиција како и лани на почетокот на сезоната. Доста ја појачаа одбраната со АВБ и Мегваер, нема збор за тоа. Џејмс не може да се очекува одма да има некој импакт, ама оставам простор са изненади. Во средина си отиде Ерера, не донесоа замена. Си отиде Лукаку, не донесоа замена. Погба сакаше да си оди, ама успеаа да го задржат. Ќе видиме како ќе се покаже тоа. Напред играта треба да им ја носат Рашфорд и Марсијал, преталентирани играчи, но играчи кои до сега се немаат покажано како константни. Според мене ќе се мачат за топ 4.

Тука се и Лестер, Евертон и Волвс, екипи кои доста се засилија и имаат квалитетни состави. Ќе притискаат и ептен тешки ќе бидат натпреварите против нив сезонава.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.702
Сега му е мајката на Велемајсторот да земе титула. Башка е во екипа со која тоа е можно да се деси. :icon_mrgr:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.927
Поени од реакции
84.350
Арсенал и Тотенхем сосема солидно лето направија со трансфери (y)

На Сити и на Ливерпул не им требаат ептен трансфери.

Челзи и Јунајтед со поранешни фудбалски легенди на клупите ќе пробуваат да градат екипа со играчи од академија.

Интересна сезона не чека.

Можеби не е фер од моја страна ама Тотенхем пак ќе ги ставам како една од екпите што треба да се борат за Топ 4, можеби имаат добар тим и играа финале на ЛШ, ама ете, сепак тешка е конкуренцијата.

Сити први фаворити за титула, Ливерпул втори.

Вака на хартија Тотенхем сепак најголеми фаворити за ЛШ од останативе четири екипи.

Арсенал, Јунајтед и Челзи се тука некаде, ама ете многу мала предност би дал на Арсенал пред Јунајтед, па потоа и Челзи.

Ова е интересна сезона пошто освен Сити, лично ништо не би ме изненадил ниту еден перформанс на било која друга екипа.

Постојат шанси за секакви "изненадувања" т.е. поместувања во претпоставките. Не би било најголемо чудо и Тотенхем да е втор. Или некоја друга екипа што не е Ливерпул. Не би било најголемо чудо ако Лестер/Вулфс/Евертон успеат да завршат во топ 4.

Има можност за буквално се, па дури и некоја од топ 6 екипиве да заврши на осмо место.

Е сега...секоја сезона викаме дека е непредвидливо ама на крај пак испаѓаат предвиливи работите :D

На дното... би требало да опстанок да се борат Шефилд, Њукасл, Саутемптон, Брајтон, Норвич...
Usual suspects.

Ќе бидат интересни Вулфс да се следат дали ќе стигнат во ЛЕ и како ќе балансираат (што не верувам да им успее ептен ама ќе видиме)

Битката за најдобри стрелци очекувам да е слична како и минатата сезона.
 
Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
Овие Волвс мислам дека нема да ја повторат ланската сезона.
Обично вакви екипи кога треба да играат и во Европа и дома ептен непредвидливи се.
Очекувам да се плеткаат околу средина на табела оваа сезона.


Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.304
Поени од реакции
12.669
Скоро сите исто мислење имаме за квалитетот на топ6 тимови.
Сити прво, Ливерпул второ, за трето и за четврто ќе се борат Тотенхем, Арсенал, Јунајтед и Челзи.

Разочаран сум од Ливерпул што не купија ништо, тенки се на доста позиции, односно замената за првотимците им се разликува многу по квалитет, посебно во напад и на бековските позиции.Топ играчи ќе се потепаа да потпишат за нив, слободно можеа двајца да потпишат.

Во екипте кои ќе се борат за седмо место, евентуално од сенка да напднат за шесто место би го сместил и Вест Хем.
Чеканите имаат супер тренер во Пелегрини, оваа сезона се засилија со одлично крило во Форналс и страшен напаѓач во Халер, тука е Фелипе Андерсон.Им се вратија од повреда Ланцини и Вилшер ко сосема нови трансфери да направиле, тука е на ДМ позиција и Рајс.
Единствено на десен бек се слаби, Забалета е стар.
Ќе имаат солиден прв тим, не гледам како првиот тим би им бил послаб од тој на Вулвс,Евертон и Лестер.

Фабиански
Забалета - Диоп - Балбуена - Кресвел
Рајс
Вилшер - Ланцини
Андерсон - Халер - Форналс
Најтажен тим ми се Барнли, значи ќе начукаат веќе 4 години во ПЛ, а не можат да привлечат играч со квалитет над Чемпионшип стандард. Буквално тимот им е All Star играчи од Чемпионшип, тој што им е одговорен за трансфери на крај од сезона пишува на гугл: "тим на сезона во Чемпионшип" го гледа и одма праќа понуди за двајцата најкопачи, со 0 техника.
Се надевам конечно ќе излезат, ебате луѓето.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.189
Поени од реакции
107.826
Слично мислење имав ко Донев, ама после мечот во супер купот не сум баш преубеден дека Сити така лесно ќе се прошета до титулата. Да, Ливерпул скоро и да не направија трансфери, сем тие младинците што ги потпишаа и голманот на местото на Мињоле, ама од друга страна имаат зрела екипа која лани со освојувањето на ЛШ ги круниса последните две сезони кои ги одиграа баш добро. Знаеме сите дека е потребно да се добиваат редовно помалите екипи, а со таков менталитет Ливерпул сигурно може до титула. Никако не би ги отпишал, ќе кажам 52-48% во корист на Сити ради длабочината на тимот. Проблем за Пул ќе е ако не дај боже се повреди еден од триото напред, нешто што кај Сити не е толку голем проблем затоа што имаат страшна клупа. И нормално да се напомене дека Сити ќе атакува со сите сили на ЛШ, натпреварување во кое фејлнуваат 3 години со ред, а имаат можеби најјак тим во светот.

Манчестер Јунајтед со Оле мислам дека ќе испие срам и нема да влезе у топ 4, можеби ја засилија одбраната ама затоа нападот и средината..... Никакви измени немаат во напад, ако им цркне Рашфорд отидоа јабана, ќе треба со младинци да покриваат а знаеме сите колку е тоа паметно. Им отиде Ерера, не земаа играч од средниот ред, што знам според мене имаат послаб тим од Пул, Сити, Тотенхем, али веројатно ќе се јадат за 4-то со Арсенал и Челзи.

Арсенал доста добро се засилија, дефинитвно ќе бидат екипа која ќе вреди да се гледа.

Лестер има интересен тим, Волвс исто, а нормално тука е и Евертон кој осетно се засили и може да атакува на пласман во топ 6.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.739
Поени од реакции
38.982
Годинава Ливерпул ќе освои, сити втор, за трето, четврто и пето очекувам Тотенхем, Арсенал и Мен Ју да се борат, 6то место Челзи. Тоа е реалноста @Донев :toe:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.238
Низ досегашните искуства, нашиве предвидувања тука биле во голема мера далеку од реалната слика во Мај. Сепак се првични гледишта врз база на трансфер пазарот.

Многу фактори играат улога кој ќе биде шампион, кој ќе биде во топ 4, кој ќе се бори за опстанок. Трансфери како трансфери не значат под дифлот и подобрување на тимот, сетете се лани само Фулам како беше активен и донесе добри играчи за на крај да биде катастрофален. По имиња на играчи подобро котираше можеби од добар дел кои беа во втората половина на табелата. Но, сепак се носат да бидат засилување на тимот во следната сезона.

Јас секоја година на анкетата си гласам за Јунајтед како фан, колку и да е тоа необјективно од моја страна.

Лично прв фаворит го редам Сити. Имаат тим кој е покриен буквално за секоја позиција со квалитетен бекап играч. Имаат одлично развиена филозофија од страна на Пеп, костурот е ист и ги разбира барањата на Пеп и мислам дека имаат некоја нијанса подобра клупа во споредба со Ливерпул што може и да биде пресудна алка.

Ливерпул мислам дека ќе биде во игра за титула и мое очекување е дека би требало да биде најмлаку втор како и годинава. Чембрлејн им се враќа како ново засилување. Сепак мислам дека им фалат квалитетни бекапи како што има Сити, на пример за позициите на Мане и Салах. Лев бек пак ќе треба Милнер да биде бекап...Но доколку им се поклопат коцките и да бидат фит добар дел од предводниците нема да ме изненади и Ливерпул да биде шампион.

Тотенхем го заокружува кругот за топ 3 според моите очекувања. Доведе квалитетни играчи и со константна игра може да се протне и посериозно сезонава. Сепак направија дупка со Трипие ослонувајќи се само со Орие кој не е константен и подлежен на повреди и Фојт кој не е класичен десен бек. Ндомбеле и Ло Селсо се надградување на тимот и имам големи очекувања од нив. Сесењон со ланските настапи не ме импресионира, но Фулам генерално беше блед како колектив и тој амбиент сигурно надвладеал и врз него.

За заокружување на топ 4 како прв фаворит го редам Арсенал зошто имаше солидно трансфер лето. Направи добар офанзивен тим, но дефанзивно според мое лично мислење е просечен. Балансот офанзива-дефанзива е изместен. Нешто како првата сезона на ЛВГ кај нас со РВП, Руни, Фалкао, Ди Мариа во напад, а во одбрана со Блинд и компанија...Сепак Пепе, Лаказет и Обамејанг се трио кое може да биде доста опасно. Зависи како Пепе ќе се покажи во ПЛ, дали како Хазард или како Жервињо...

Јунајтед и Челзи се тимови кои ќе се борат за топ 4, но играчки се подефицитарни во споредба со горенаведените. Јунајтед ја зацврсти одбраната и по подолго време ќе стартуваме со играчи кои можат да играат добра одбрана, но за тоа сме со ослабнат среден ред и напад. Марсиал и Рашфорд ќе играат според мене пресудна сезона за тоа колку може Јунајтед да се ослони врз нив во иднина. Тим во кој доминира академијата на Јунајтед и како навивач со пласман во топ 4 ќе сум задоволен. Челзи со трансфер банот е принуден да дава шанса на своите од академијата и на позајмените досега. И кај нив има играчи кои ќе мора да направат сериозен исчекор како нови носители на клубот. Тука ги гледам Зума, Одои, Лофтус Чик и Абрахам. Сериозни тестови имаат Оле и Лампард. Доколку и двајцата успеат да обезбедат топ 4 за сметка на некои од горенаведените 4 тимови ќе биде огромен успех и за двата клуба.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.861
Поени од реакции
7.711
1565306195000.png

Нека стои па да видиме кој ќе биде изненадување.
Според првичниве предвидувања Сити има уште поголеми шанси за освојување отколку лани на почетокот, а со оглед на тоа дека Пеп до сега си игра Фудбал Менаџер каде што ќе стигни, преголемата професионалност што ја вложува и тактичката поставеност да решети мали тимови се добитна комбинација за освојување на Лига.

Клоп од друга страна милува многу попријателски однос со фудбалерите, па тоа понекогаш може да се врати ко бумеранг па да си фура и со играчи кои имаат слаба форма. Не купи ништо ново, лани одбраната беше топ, па можеби 10тина бодови беа добиени на среќа, нешто што го немаше кај Сити каде се знае победникот до 30та минута. Очекувам да се освојат околу 80-85 бодови оваа година. Дали ќе бидат доволни, тешко, би требало Сити да оди над 88.

На дното изненадување можи да направи Њукасл и да се бори за опстанок, а Норвич да обезбеди сигурен опстанок.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.562
Поени од реакции
52.359
Слично мислење имав ко Донев, ама после мечот во супер купот не сум баш преубеден дека Сити така лесно ќе се прошета до титулата. Да, Ливерпул скоро и да не направија трансфери, сем тие младинците што ги потпишаа и голманот на местото на Мињоле, ама од друга страна имаат зрела екипа која лани со освојувањето на ЛШ ги круниса последните две сезони кои ги одиграа баш добро. Знаеме сите дека е потребно да се добиваат редовно помалите екипи, а со таков менталитет Ливерпул сигурно може до титула. Никако не би ги отпишал, ќе кажам 52-48% во корист на Сити ради длабочината на тимот. Проблем за Пул ќе е ако не дај боже се повреди еден од триото напред, нешто што кај Сити не е толку голем проблем затоа што имаат страшна клупа. И нормално да се напомене дека Сити ќе атакува со сите сили на ЛШ, натпреварување во кое фејлнуваат 3 години со ред, а имаат можеби најјак тим во светот.
Како што реков, се надевам ќе можат пак до крај да се борат, па добро би било и да освојат затоа што не одговара Сити премногу да доминира.
Ама Сити го освежи тимот, Ливерпул не. Само заради тоа мислам дека пак ќе се чекор зад нив. Само еден квалитетен играч да донесеа бар. Дури и да не се наметне како стартер, сепак тера некој од стартерите да дава се од себе. Лани ете Сити само Марез го донесоа и 90% од коментарите овде беа дека Стерлинг ќе седи на клупа. Што се случи? Стерлинг изигра ненормална сезона, заслужено ќе беше и POTY да земеше.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom