Мене не ми се верува дека
@Beric Dondarrion и
@Inglourious Basterd, неколку страни откако се залетаа со извидницата, се уште не можат да одговорат како таа извидница би изгледала.
Берик, Дотраките отидоа за гледачот да сфати колку е моќен непријателот, а не за командата на Винтерфел да сфати. Во Винтерфел знаат дека се тенки шансите, ама како ќе знаеш ти како гледач дури некој не го изеде стапот? Ако не нека седат сите на тоа полјаната и нека чекаат да се раздени со српот врака.
Работа на сценаристите и продуцентите е да предизвикаат одредени емоции, да си играат со чувствата на гледачот додека ја раскажуваат приказната. Не им е работа да снимаат реални сцени и да се држат ко слепи за стап за воени прицедури во ебена фан фикција со змејови. Се, ама буквално се може да се преувеличи на екран за да се постигне саканата цел.
За другото постојат документарци (не со змејови)