Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Правила:

1. Отворен спојлер во оваа тема е втор најбрз начин да добиете бан на Филм и ТВ, после јадење бурек на фан-клуб Ане. Секој спојлер мора да биде ставен во таг.

2. На темава влегувате на сопствена одговорност. Во превод, ако не сте ја изгледале последната емитувана епизода, голема е веројатноста да налетате на спојлери. Затоа наш предлог е да ја посетите темава откако ќе ја изгледате епизодата. Всушност, зошто и би ја посетувале, нели?

3. Под спојлер се подразбира информација за дејството во следните епизоди или сезони. Вашите теории за што може да се случи не се спојлери, ако при тоа не ги земате книгите како извор.

4. Љубителите на убавиот пишан збор можат да си чатат ОВДЕ. Темава е за серијата.

5. Колку беше јако Тирион кога го шамараше Џофри, а? :гик:



Од март следната година ќе почне да се емитува HBO серијалот "A Game of Thrones" кој е адаптација на фантастичниот серијал книги од Џорџ Мартин "A Song of Ice and Fire".


 
А, да не сте сретнале некоја од книгите од овој серијал преведена на македонски?

Благодарам
 
Сеуште ги нема преведено на македонски, но можеби ке им текне ако ТВ серијалот стане популарен во државава. Можат да се најдат на српски по книжариве или пак на англиски.
 
BkEuMUW


Врз основа на бестселер фантастичната серија книги „Песна за мразот и огнот“ од Џорџ Р.Р. Мартин, „Игра на тронови“ е епска борба за власт во едно измислено кралство. Сезоната од 10 епизоди започнува во април, 2011, ексклузивно на HBO.



Во земја каде летата траат со децении, а зимите може да траат и цел еден живот, неволјите се подготвуваат. Од југот кој кова завера и дивите источни земји, до замрзнатиот север и древниот Ѕид кој ја штити земјата од мракот кој се наоѓа надвор, две моќни семејства се наоѓаат во смртоносна игра на мачка и глушец за контрола на седумте кралства на Вестерос. Додека предавството, страста, интригите и натприродните сили ги тресат четирите агли на кралствата, нивната крвава борба за Железниот трон ќе има непредвидливи и далекосежни последици. Врз основа на бестселер фантастичната серија книги, „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Р.Р. Мартин, новата серија ИГРА НА ТРОНОВИ ја започнува својата сезона од десет епизоди во април 2011, ексклузивно на HBO. ИГРА НА ТРОНОВИ прикажува кралеви и кралици, витези и одметници, лажговци и благородници во нивната борба за власт. На почетокот на серијата, кралот Роберт Баратеон, кој е женет за Керсеи Ланистер од богатото и корумпирано семејство Ланистер, бара лордот Едард „Нед“ Старк да дојде на југ и да му помогне со водењето на кралството по сомнителната смрт на човекот кој му бил десна рака. Во меѓувреме постои закана за тронот од истокот, од страна на прогонетата принцеза Дајенерус, која е тинејџерка, како и од нејзиниот брат, Висерис, чие семејство има владеено со кралствата многу години пред нивното крваво прогонување. А постојат и гласини дека чудни нешта се случуваат на работ на кралствата, северно од Ѕидот, каде Џон Сноу, синот-копиле на Нед, заминува за да стане дел од братството на Ноќната стража, кое се заколнува дека ќе ги штити кралствата.
 
Мислам дека веќе имаше тема за серијава, ако ја најдат модераторите нека ја спојат со оваа!
On topic - Уште немам почнато да ја гледам серијава, иако со нетрпение ја очекував, најверојатно ќе чекам да ја стават на HBO On Demand. Мислам дека има огромен потенцијал, нели се што излегло од HBO досега е pure gold (па скоро се). Исто така има и висока оценка на IMDB ако може тоа да се земе како достојно мерило. Би сакал да ги читам и книгите, особено ако ми се допадне серијата ќе ги читам дефинитивно ако ги најдам во некоја од книжариве!
 
Да да слободно нема проблем јас ја отворив затоа што не видов тема а стварно серијава е одлична ако бидат сите епизоди интересни како првава епизода серијава ќе биде најдобра до сега
 
Иако не се соменвам во HBO (телевизија со досега недостигнат квалитет, кога се работи за серии) за жал сеуште ја немам погледнато оваа, фала на информациите, и малото ривју :)
 
Една од најдобрите серии што ја имам видено, квалитетот на продукцијата е на ниво на Господарот на Прстените иако е телевизиска серија. На врв на тоа има многу добра глума, музика и локациите се многу добро доловени.
п.с. Серијата ДЕФИНИТИВНО не е за под 18 години.
п.п.с. Толку е успешна што веќе е нарачана и втора сезона, а освен ако не се случи нешто неочекувано, најверојатно ќе има пет сезони (по една сезона за една книга)
 
п.с. Серијата ДЕФИНИТИВНО не е за под 18 години.

Ова важи за (скоро) секоја серија на HBO и Starz :)

Инаку, ги немам читано книгите, ама првата епизода од серијава е прилично добра. На добрите, ама не толку познати британски актери им имаат додадено и неколку холивудски ѕвезди, иако само за неколку епизоди.. значи стандардно за HBO. Глума, сценографија - на нивоу :) Anyway, од досега прикажаното серијата изгледа интересно.
 
T-Home ќе ја дава серијава на HBO каналот. Премиерата ќе биде еден ден после премиерата во САД. Тие што имаат MaxTV или било каква телевизија од T-Home блазе си им...
 
Одамна чекав на вакво нешто, ми се гледаше нешто во стилот на Конан I, мистично, крваво и со многу голотија, закон.

Во вториот Конан уште розови танга гаќички му фалеа.
 
Почнав да ги спуштам првите 2 епизоди,сеа ја видов темава и коментарите и сите ја фалите .
До вечер ќќе пишем повеќе.
 
Јас сабајлево ја гледав и втората епизода и ај да не ставам спојлери нема да ви биде интересно после :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom