Па најдобро ќе изгледаше сите да се полијат со некоја запалива течност и така запалени да трчаат кон зомбијата.
Инаку извидница се користела и во ноќно време и во среден век. Не е извидница дронови.
Вака кога ќе се запнете да браните глупост, неверојатни сте. Ок е да ви се допаднала епизодата, да сте се наежиле на сцените и се тоа. Никој ни ви спори, ни ви брани. Ама не запињајте да давате логички објаснувања на глупост.
Требало да го навлечат на ова или она. Не, таа војска сама идеше, таа војска сама напаѓаше. Никој не требаше да ги навлече. Сите знаеа дека се многукратно повеќебројни. И секој нормален би избрал да се бори 5 вс. 5 или 10 вс 10 во прва линија, во некој теснец или замок. А не со помала војска да излезе на фронт. И не треба да сум воен стратег да го знам тоа, тоа се дискутираше помеѓу ликовите во серијата, за истиот замок, прошла сезона.