Винтерфел отсекогаш бил несоодветен замок не само за одбрана туку и поради тоа што има рамни покриви. Во региони со зима како Скандинавија, Швајцарија па и кај нас покривите се со шпицаст врв. Причината е за да паѓа снегот и да не се трупа и последоватно да го сруши цел кров.
Бран им кажа во првата епизода од осмава сезона кога се упознаваат дека ѕидот е пробиен.
За тоа што овие стигнале побрзо од зомбите тоа не знам, Дајнерис си прелета за еден ден цел континент кој според РР Мартин е со големина на Јужна Америка.
Инаку не се спремаа за оваа битка од вчера туку уште таму шеста сезона ли беше или седма кога го завзедоа Винтерфел.
Каков е таков е како замок, подобар и поголем ваљда нема на Северот. Плус ги даваат со ниво на технолошки развиток како човештвото околу среден век, на замрзната земја требаше со години да копаат за да направат нешто подобро. Плус на зимски услови ако го опколат со вода како што си ставил на првата слика (moats) ќе беше замрзнато од ладното и пак ќе поминеа, плус треба извори/река за да се наполни со вода што е пак тежок процес.
Ако го оставиш суво пак нема чаре, ќе треба да го запалиш, а за да се запали треба материјал за горење што пак не е вечно, ќе изгори тоа што е ставено внатре и пак ќе поминат.
Јас навивав за да ја направат зелената течност, таа што правеа Wildfire во Вестерос и со таква да ги поливаат и да ги палат кога ќе пробаат да се качуваат во замокот, така можеби ќе имаа помалку жртви (ама пак ако долеташе побратимот НК со змејот ќе ги запалеше како глувци, Чернобил немаше да им е рамен).
Така да битката е таква каква што е, логична или нелогична, многу битки биле нелогични во историјата и така се заебале многу кралства (интелигентни војсководци не гледам во серијата, Џон е клапчо кој ако не израснеше во благородничко семејство ваљда ќе пасеше кози, а Данка ако немаше змејови ќе ја изредеа целото племе на Дотраките, Овен тоа досадната фраза
"Queen Daenerys Stormborn of the House Targaryen, the First of Her Name, Queen of the Andals, the Rhoynar and the First Men, Lady of the Seven Kingdoms and Protector of the Realm, Lady of Dragonstone, Queen of Meereen, Khaleesi of the Great Grass Sea, the Unburnt, Breaker of Chains and Mother of Dragons" и повторувањето дека ќе стане кралица друго знаење нема покажано од почеток на серијата.
Жално е што заради желба да исцицаат уште некое милионче ќе ни направат спинофи и нема ништо да објаснат кој бил НК, од која фамилија потекнува, кои биле во детали тие Чилдрен од д форест, зошто се тепале со луѓево, зошто дури сега му текна после толку време на НК да нападне, која е реалната моќ и значење на гавранов со трите очи, зошто Мелисандрето го изваде ѓерданот и скина конци откако го победија НК, како Арја му влезе вџигер покрај толкава војска на НК (дали смени фаца, дали има стелт мод, малку повеќе инфо за Вајт Волкерите кој може да биде ВВ, дали мора да е жив кога ќе го претвора во ВВ(нели бебето беше живо кога му светнаа очите плаво) или и од умрените тој си одбира кој ќе стане ВВ, а кој Вајт.
Во серија со еден куп фантазија да му ја тупиме околу воената стратегија мислам дека е нон сенс, поарно барем троа приказна да дадат оти покрај моќните графички елементи, тоа беше главната одлика поради која ја гледаше народот.