Кај нас дебитант режисер е некој 45 годишен отприлика па што останува за другото

далеку сме од имдб и од светот општо, и под светот не подразбирам холивуд моливуд, туку европските земји, било кои, ептен сме мали и неатрактивни и затоа нашите филмови тешко ќе се пробиваат и допрва во Европа, барем ти следиш знаеш колку е „лоша“ ситуацијава
Еве на пример, гледавме еден филм кој е уште во постпродукција, некоја верзија беше како при крај, филмот е од хрватски режисер Јуре Павлович и се викаше Само затвори очи, или Awakenings така нешто беше, филмот е цел во close-up и мене многу ми се допадна, си велам браво на храброста да се направи филм во кој го гледаме протагонистот во крупен кадар цело време, не дека тоа е нешто неоткриено, направено е ама ете бе некој собрал храброст да биде модерен/постмодерен со некаков нов начин на сторителинг. Ние општо, немаме услови за нов бран на македонска кинематографија (барем според мене) после 3 дена во септември и Џган демек се вртеа муабети а у ова е новата мк кинематографија но како велат, една ластовичка не носи пролет.
Еве се надевам дека со Година на мајмунот ќе мрднеме чекор понапред, искрено верувам во квалитетите на филмот, останува да го видиме деновиве на кино, па потоа на есен Милчо ќе почне да го снима филмот за кој доби едно милијарда евра од агенција за филм сега

Вардан Тозија пак ќе снима филм, итн итн, се движат некои нешта (само во Скопје додуша

) , но во државава се знае или си со нашите или со вашите за да снимиш филм, тоа е пракса како и во секоја друга струка овде...