Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Година на мајмунот како што прочитав од 20ти во Синеплекс ќе биде. Нестрплив сум за ова, баш сакам да видам на што сум работел пред 2 лета и прв пат во толку голема кино сала ќе го има моето име на кредитите (не дека некој гледа кредити до крај али не е важно :D) се надевам дека ќе биде одличен филм, верувам дека Блажевски направил нешто неверојатно добро (сценариото беше чиста десетка).
Како second unit assisstant? :P
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Како second unit assisstant? :P
Не, production assistant :D тоа е онака најпочетна основна улога во хиерархијата на продукцијата, али кога ќе им кажеш на женски дека си работел на филм мислат дека си режисер така што посекако ми е win-win ситуацијата иако јас на пример му го местам столчето на режисерот :D
 
значи лошо е штом ни до секнд јунит не си стигнал :D
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
значи лошо е штом ни до секнд јунит не си стигнал :D
Не знам што мислиш под секнд јунит, ама нема кај нас second unit, општо нема екипа а и екипа б, една е, во редок случај ваљда се користи second unit, како на пример филм од калибарот на Прашина на Милчо кога основната екипа снима сцена, а b crew снима нешто како пејсажи или планови од скопје, инаку една екипа е на филм :)
 
повеќе беше заебанција, пошто „младиве“ филмаџии обично имаат еден куп секнд јунит кредити на ИМДБ изнапишано, а како што рече една екипа е, а тие биле повеќе посматрачи на работата на екипата. :P
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
повеќе беше заебанција, пошто „младиве“ филмаџии обично имаат еден куп секнд јунит кредити на ИМДБ изнапишано, а како што рече една екипа е, а тие биле повеќе посматрачи на работата на екипата. :P
Кај нас дебитант режисер е некој 45 годишен отприлика па што останува за другото :D далеку сме од имдб и од светот општо, и под светот не подразбирам холивуд моливуд, туку европските земји, било кои, ептен сме мали и неатрактивни и затоа нашите филмови тешко ќе се пробиваат и допрва во Европа, барем ти следиш знаеш колку е „лоша“ ситуацијава :D

Еве на пример, гледавме еден филм кој е уште во постпродукција, некоја верзија беше како при крај, филмот е од хрватски режисер Јуре Павлович и се викаше Само затвори очи, или Awakenings така нешто беше, филмот е цел во close-up и мене многу ми се допадна, си велам браво на храброста да се направи филм во кој го гледаме протагонистот во крупен кадар цело време, не дека тоа е нешто неоткриено, направено е ама ете бе некој собрал храброст да биде модерен/постмодерен со некаков нов начин на сторителинг. Ние општо, немаме услови за нов бран на македонска кинематографија (барем според мене) после 3 дена во септември и Џган демек се вртеа муабети а у ова е новата мк кинематографија но како велат, една ластовичка не носи пролет.

Еве се надевам дека со Година на мајмунот ќе мрднеме чекор понапред, искрено верувам во квалитетите на филмот, останува да го видиме деновиве на кино, па потоа на есен Милчо ќе почне да го снима филмот за кој доби едно милијарда евра од агенција за филм сега :D Вардан Тозија пак ќе снима филм, итн итн, се движат некои нешта (само во Скопје додуша :D ) , но во државава се знае или си со нашите или со вашите за да снимиш филм, тоа е пракса како и во секоја друга струка овде...
 
Види дека има мрднување од место има, е сега дека има нов бран, не знам. Можда нов ветар.

Последниве неколку години излегоа филмови што се поразлични од шаблонот социјалистички или револуционерни филмови. Ги спомна 3 дена во септември и Џган, сега актуелен е Тајната состојка, следи Годината на мајмунот. Тука треба да се и Дедо и внук на Пиперкоски и Ефектот на среќата на Борјан, како и Жртва/Втора шанса на Џиџева и Сведок на Митко Панов. Спомна дека Вардан ќе снима нов, исто нова режисерка што доби пари за филм е Дина Дума, очекувам од неа доста.

Точно е дека имаше и лоши избори како филмовите на Коле, Тренчо, Шербеџија, Деспотовски и сесрите Митевски, али тоа е кога и сам рече, се делат средства на наши и ваши.

А тоа што не се пробиваат е или поради тоа што филмот е лош или поради немање маркетинг ни овде, а ни саглам агенција што ќе ги продаде во странство.
Спореди го Тајната состојка со агенција за маркетинг зад него и Медена ноќ без агенција, без ништо. Два добри филма, ама за Медена ноќ никој ни слушна, ни го знае.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Дечки да, за нов бран треба малку мадиња и треба сам свој газда да си за да напраиш нов бран односно да си бидеш и продуцент и режисер на филмот да ги добиеш парите и сам да ги вложиш како што сакаш и каде сакаш на филмот, а не некој над глава да ти го крои буџетот што може што неможе да правиш. Тоа ќе го има се надевам за скоро има млади автори што ќе превземат се во свои раце и ќе си имаат контрола врз нивниот режисерски пристап. И да само храбро и се има надеж за добри работи и со мал буџет може многу да се искористи од луѓето во кои е останато барем мал дел од духовноста и вербата во себе, односно тие кои не си ја продале душата на ѓаволот и не работат за други и нема да си ги продаваат душите на други.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
повеќе беше заебанција, пошто „младиве“ филмаџии обично имаат еден куп секнд јунит кредити на ИМДБ изнапишано, а како што рече една екипа е, а тие биле повеќе посматрачи на работата на екипата. :P
1. Владимир Блажевски и не е така „млад“. 63 години има човекот, Хај Фај му наполни 31 година.
2. Дај пример на „млад“ филмаџија со „секнд јунит“ кредити на ИМДБ изнапишано.
3. Кога станува збор за мали и големи филмови, т.е. филмови без и со second unit, токму ти би требало да си така најупатен во овие првите, кои немаат second unit, а зборуваш за second unit кај сличен таков филм. Пошто нели сите останати сме позери што гледаме филмови од Кан, Венеција и Оскари, а ти гледаш од Панама, Бурунди и Таџикистан.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Ко прво кај пишав дека Владимир е млад? Никаде не го сместив во категорија млади филмаџии. Си тропаш нешто и си го сфаќаш како што ти лежи.
Ко второ, ако не ги пратиш краткометражните филмови што се снимаат, јас ги пратам и гледам што прават младиве филмаџии. За третото реков дека е заебанција, ако не си прочитал, прочитај повторно и види го смајлито.
Ко четврто не мора да се јавуваш со експертиве подоле што само спамате на секоја тема и цитирате неповикани и без причина. Идете гледајте го ремек делото Три билборди пред Ебен град и не се јавувајте неповикани.

@wot барам санкција за ликот погоре што навредува, непрозван и без никаква причина.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Ко прво кај пишав дека Владимир е млад? Никаде не го сместив во категорија млади филмаџии.
Како second unit assisstant? :P
значи лошо е штом ни до секнд јунит не си стигнал :D
пошто „младиве“ филмаџии обично имаат еден куп секнд јунит кредити на ИМДБ изнапишано
Си учел логика во средно? Знаеш што е импликација? Ако А е Б и Ц е Б, тогаш, логички, и А е Ц. Го прашуваш џими дали бил second unit assistant во филмот на Владимир Блажевски (макар и да било на шега, нема врска тоа), зашто младите филмаџии ставале без везе second unit тимови на IMDB. Логички: го сметаш Блажевски за млад. Не сфаќам јас како што ми одговара, туку како што ме учеле.
Ко второ, ако не ги пратиш краткометражните филмови што се снимаат, јас ги пратам и гледам што прават младиве филмаџии.
ОК де, те пофалив и јас, не мора сам да се фалиш. Ако не се сеќаваш, јас ги барав сите краткометражни на IMDB, за да ги додадеме на LB. Податоците на IMDB за 99% од нив се толку оскудни, што немаат сценарист напишано, а не па некој ќе се замара со пишување на наводни second units тимови. Еве, ти реков, дај ми бар еден таков пример.
Ко четврто не мора да се јавуваш со експертиве подоле што само спамате на секоја тема и цитирате неповикани и без причина.
Кој ќе ми забрани? Ти? Форумов за тоа е. Тебе кој те повика на Синедејс темата да ме цитираш со објаснувања кој бил позер, а кој не. Ти реков ли јас тогаш: "оди гледај си филмови од Џибути и не ме цитирај неповикан"? Не. Оти за разлика од тебе, јас знам дека сум на форум, а на форум се дискутира, дебатира, контрира... Ако сакаш да бидеш оставен на раат, прашај го Џонтра како се брише профил, направи си блог и пишувај си за кинематографијата во Американски Девствени Острови. На раат.
Идете гледајте го ремек делото Три билборди пред Ебен град и не се јавувајте неповикани.
ОК мамо.

BTW, тебе кој те повика? Колку што гледам, не си ја ни отворил ти темава за да ја присвојуваш до толку. Колку што ти имаш право да коментираш тука, имаме и јас и @Anon . И не спамаме, не дискутираме за макарони, туку за нешто поврзано со македонски филм, па макар тоа нешто било ти: најголемиот познавач на нашата кинематографија.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
@wot барам санкција за ликот погоре што навредува
Сериозно бараш ова откако ги имаш овие работи пишано, а веројатно и други?
ко дете без работа.
Пикни си го во чмарче.
Дека не си упатен во нештата, зборуваат многу често твоите постови. Тоа не е навреда.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@Zlatikevichius младите филмаџии во своите биографии се пишуваат како секнд јунит асистенти во филмовите од своите млади колеги, а не дека Блажевски е млад и ставал некого за секнд јунит на свој филм. Ок шефе? Реков дека си го сфаќаш по свое.

П.С. под дискусија не подразбирам извртување на нечие мислење.

За познавачов што спама погоре со нешта извадени од контекст и смара во темава, немам коментар. Исто и за сеирџиите што само лајкаат нешто, а не изгледале 5 мк филмови заедно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom