Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ццц, која несериозност, човече. Па како смеат така. Ако кажат кога, мораат тогаш да ја пуштат, а не да заебаваат вака. Биди упорен ти, може ќе ги натераш да го мрднат газот.
мора и тука да тролате? Доволно тролање има во темата за самата телевизија, плиЗ.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Која е таа тема? Си ме видел ти таму?
Не ме интересира дали си коментирал таму или не, член си со стаж на форумов, не мора да тролаш во сериозни теми. Темава е за македонски филмови, а ако сакаш да го `рчкаш Марчело за телевизијата дали ќе ја има на Телекабел и Телеком, извини, али си ја згрешил темава.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не ме интересира дали си коментирал таму или не, член си со стаж на форумов, не мора да тролаш во сериозни теми. Темава е за македонски филмови, а ако сакаш да го `рчкаш Марчело за телевизијата дали ќе ја има на Телекабел и Телеком, извини, али си ја згрешил темава.
ОК шефе.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Ццц, која несериозност, човече. Па како смеат така. Ако кажат кога, мораат тогаш да ја пуштат, а не да заебаваат вака. Биди упорен ти, може ќе ги натераш да го мрднат газот.
Абе и да ја нема ќе се навикнам како до сега така и понатака без таа нова телевизија. Поентата е ако рекле дека ќе има на Телеком нека има а не да не лажат како мали деца утре, задутре, наредна недела..

И ајде тука да ставиме на ова крај, има тема за телевизијава и доволно е таму што се коментира.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Може да се симне или да се гледа некаде онлајн?
Го снимив јас, ама ми фалат две-три минути пошто ми падна нетот додека снимав. Кога ќе имам време да ги спојам деловите, па ако сакаш, да го качам на тракерот.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.156
Го снимив јас, ама ми фалат две-три минути пошто ми падна нетот додека снимав. Кога ќе имам време да ги спојам деловите, па ако сакаш, да го качам на тракерот.
Може... Кога ќе имаш време и ако не те мрзи. :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Годината на мајмунот (раб. наслов Смрт или слобода) на Владимир Блажевски ќе има премиера на годинашново издание на Скопски филмски фестивал (19-26 април).

Се надевам дека по фестивалот ќе го пуштат и во кино.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Трејлер немат, само македонските филмови 2 дена пред премиера трејлер вадат
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Година на мајмунот како што прочитав од 20ти во Синеплекс ќе биде. Нестрплив сум за ова, баш сакам да видам на што сум работел пред 2 лета и прв пат во толку голема кино сала ќе го има моето име на кредитите (не дека некој гледа кредити до крај али не е важно :D) се надевам дека ќе биде одличен филм, верувам дека Блажевски направил нешто неверојатно добро (сценариото беше чиста десетка).
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Дефинитивно нешто поразлично во нашата кинематографија, но не очекувам поголем пробив и комерцијален успех, сепак треба прво да го погледнам за да можам дополнително да коментирам но засега ова ми е впечатокот
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Дали има некоја негативна рецензија за Бикини Мун?

Тие што ги имам прочитано се прилично позитивни. Се добива некако впечаток дека за филм режиран од Милчо Манчевски не смее нешто лошо да се каже јавно. Тука мислам секако на македонските филмски критичари.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Дали има некоја негативна рецензија за Бикини Мун?

Тие што ги имам прочитано се прилично позитивни. Се добива некако впечаток дека за филм режиран од Милчо Манчевски не смее нешто лошо да се каже јавно. Тука мислам секако на македонските филмски критичари.
Види овде, не го дочитав цело затоа што не сакав да читам спојлери пред да го гледам филмот
https://www.facebook.com/notes/igor-angjelkov/филмско-викенд-интермецо/1644761348915064/

Некој имаше на темава постирано и рецензија од српски/хрватски сајт која не беше баш сјајна...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom