Вака накратко би сакал да се консутирам со вас и да ме посоветувате како би било најефективно да ги распоредам деновите во теретана. Прошлиот месец кога одев го правев следново цело време, еден ден бицепс+грб, а следниот ден рамења+гради+трицепс, па наредниот повторно бицепс+грб, така недела дена и после одмор еден ден. Нозе не вежбам дека се бавам со трчање и секој ден по 10км просечно истрчано распоредено во разни тренинзи, а и мака мачам со воспаленија таму и преоптеретување на нозете особено на листовите (дека таков ми е стилот на трчање на прсти повеќе), така да изоставувам тоа. А стомак секој ден кога имав време, дека сум слаб во градба стомачните и без многу вежбање лесно се познаваат. Правев по 4-5 вежби од секој дел со по 5 серии од по 10-15-20-25 повторувања (зависи справата и вежбата), саат ипол се на се дневно по теретана.
Е сега читав дека ваков начин на вежбање не е добар, сте пишувале пример еден ден само гради, значи гради еднаш неделно да се сведело. Да почнам да распоредам сите 5 мускули што ги вежбам во 5 дена, еден ден само рамо, еден ден само гради итн. Или да продолжам со моево ко горе што правев, или нешто трета предлог опција за најпаметно?