Неколку прашања да прашам
1. Каде во Скопје за најефтино секако може да си најдат оние тегчињата да можеш да си додаваш тежини. Имам 5ки дома две статични гумени тегчиња, ама за повеќето вежби можам да правам поголеми тежини па ми треба некое да можам да си прикачувам на металното од страна тежини 1кг 2кг итн. На пазарче има нешто такво? Или најдобро продавница за справи да барам (имаше ваква на Водњанска на почетокот мислам).
2. Досега правев P90x од 2015 со паузи од неколку месеци поради обврски(со скипање на јога и кемпо (многу кардио)), па одев еден месец во теретана чисто да се вратам во форма дека немав подолг период вежбано. 175цм и 60кг сум, значи да се качи маса, без кардио многу , ако може да ми се препорача некоја таква програма да знам со неа да пробам отсега, бидејќи планирам во домашни услови да продолжам да вежбам.
3. Ова прашање е најмалку за тука ама да не случајно знаете. Да не случајно има некоја апликација по мобилниве телефони да наместиш на пример 400 метра и да ти застане самото кога ќе поминат тие 400 метра. Да не треба да штракам по апликации паузи стоп и да гледам до каде сум со дистанцата цело време. А саатче Гармин и такви работи доста скапи се.
Поздрав