Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Како се викаше еден филм со хотел така поизолиран на страна, нов е филмот, мислам дека беше и турски. висока оцена држеше. Му се думам утре да го погледам, оти ми наликуваше тоа амбиентот на депре катара, замрсена ко шо сакам.

winter sleep да не е , не го гледав ама мислам приказнаа му беше нешто со хотел да, + турски.

Само што го изгледав и Good Will Hunting. (y) Добро филмче, ме освои, дијалогот меѓу Ламберау и Син во барот ми беше најјак (y)
 
Toj e да. Некој нешто има гледано од режисеров да сподели? Тро шубе ми е дека турски :D ама вака навидум ми се бендисува стилот на режирање ко шо сакам и гледам во последно со таа замрсена боја.
 
Toj e да. Некој нешто има гледано од режисеров да сподели? Тро шубе ми е дека турски :D ама вака навидум ми се бендисува стилот на режирање ко шо сакам и гледам во последно со таа замрсена боја.

Гледај го, меѓу најдобрите филмови лани. И Once upon a time in Anatolia го имам гледано од него. По речиси година од кога ги гледав не можам да одлучам кој ми е подобар, можеби за нијанса вториов.
 
Го имав можеби година дена симнато и изгледано до пола A Space Odyssay, многу ми беше досаден, вчера конечно се решив да го изгледам цел. 2 ипол саати се многу за филм во кој ништо не се случува. Секоја чест што во 68ма успеале да направат такви визуелни ефекти, ама денес не се ништо посебно и освен музиката што е многу добра, филмот е просек. А и ништо не разберав што се случи на крајот.
 
Не се секирај, не си единствен со такво мислење.

upload_2015-9-8_15-54-50.png
 
Битно си пробал што.
Иначе ја Стар Варс маратон си возам, новиве филмови ниту еден да ми фати око.
 
нормално е на модерниве деца со ADD и што не прочитале ни една книга во животот филм како A Space Odyssey да им биде досаден.

не гледајте филмови постари од 2000-та. не се тие за деца.

А што ти се допаѓа тебе во A Space Odyssey? Што е тоа што овој филм го прави многу добар, одличен, ремек дело, како што имам слушнато/прочитано за него?
Во 68ма биле јаки тие визуелни ефекти, сега е просек.
 
а филм по дефиниција претставува збир од визуелни ефекти?
само визуелни ефекти барате во филмовите, ни содржина ништо друго не ве интересира.
 
Остаj ти, во 68ма тоj го гледал не глеаш... jако му е, уште го држи хаjпот од времето
 
а филм по дефиниција претставува збир од визуелни ефекти?
само визуелни ефекти барате во филмовите, ни содржина ништо друго не ве интересира.
Баш напротив, многу повеќе ме интерсира приказната од визуелните ефекти, затоа и го гледав, очекував добра приказна, ама во Space Odyssey 90% од филмот се кадри од вселената, внатрешноста на бродот итн.. очигледно е на што е ставен акцентот во филмот, а дијалог речиси и да нема, едвај 5 реда муабет се направија во цел филм.
 
е не бе ќе одам avengers да гледам. хајпови, само тоа има денес во филмската индустрија

Не, денес во филмската индустриjа има и драми и трилери и мистерии и artsy и филозофиjа и митологиjа и наука и фантазиjа и уште мал милион жанрови и поджанрови, тоа што jас се палам на суперхерои не значи дека само тоа го има во филмската индустриjа. И никоj под нож не те стави да гледаш каj што Скарлет се растегнува на платно.
Ете уште се прават филмови со маjмуни со вселени и слични deeeeep bro филмови.

Ама филмови
што се фокусираат на визуелност и ефекти, од денес и од пред 4 децении немаат споредба.

Многу убав пример за тоа се sw старата и новата трилогиjа, каj што е очигледно каде ефектите имаат израз
 
Последно уредено:
Различни критики и сфаќања има за овој филм, и нема универзален одговор и заклучок како на психолошки трилер.

Според мене гледањата треба да бидат фокусирани на обидите и идеите на Кјубрик. Од сите примеси на наука, филозофија, религија,технологија, мистицизам, симболика, оваа е се освен филм за вселената и "дали сме сами" муабетот.

Тематиката што ја обработува е споредна на идејата која ја има за цел режисерот да ја објасни, а тоа е Еволуцијата.
Конкретно има две етапи кои се отсликуваат завршни состојби и секоја одделно е чекор кон нова фаза на постоење.
Монолитот е клучот на целата приказна. У глобала е сфатен како инструмент на некоја напредна (или напредна)цивилизација која го користи да го "еволуира" на најпрост начин постојниот "поредок".

Во првата етапа, присуството на монолитот и неговата "комуникација"- влијание на приматите, поттикнува параноја преку чиј притисок се откриваат нови методи и нови начини на делување а тоа само по себе ствара нов поредок. Коската и нејзината нова намена става крај на претходниот круг, и отпочнува нов. Преку насилство до ново уредување, нешто покасно ќе стане слика, редовна дефиниција и потреба за напредок.

Во свет разурнат од насилство(нуклеарна војна), исто и луѓето како транзиција од приматите се во завршна фаза, па монолитот одново "комуницира". На оваа етапа и претходи борбата на човекот со технологијата, преку создавање на AI(ХАЛ) која развива самосвест и која очекувано го детектира човекот како грешка/мана на еволуцијата кој во ваква форма и состојба, е неспособен да еволуира правилно и навремено. Тука е претставена борбата со ХАЛ во која Боумен успева, па следи третиот момент во кој Кјубрик комплетно импровизира. Конфузната одисеја на Боумен.

Според мене прекомплицирано е да бидеш свесен и да имаш претстава за било каков распоред на настани, визуелизација или сфаќање на напредна футуристичка состојба за каква Кјубрик пробува да даде претстава.
Од тука, главната интерпретација на новата одисеја кон наредната фаза, беше "учењето" на Боумен преку изучување на самиот себе, со забрзан приказ на главните етапи од неговиот живот. Моментот кога умира во креветот во неговата човекова форма е моментот кога се појавува монолитот во собата. Неговото ново раѓање е нова транзиција кон наредно битие кое е во форма на starchild(фетус) кој орбитира околу планетата.

Од интерпретацијата на книгата Starchild-от ќе проба да ги измени начините на делување и односите на луѓето помеѓу себе на земјата, со тоа и да ги спреми за нареден чекор во еволуцијата, нова одисеја.
 
Последно уредено:
^
Ми заштеди време за пишување.

И визуелно само, со кинематографијата те држи ко ретко кој друг филм, да не збориме за другово...
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom