Фала на одговорот зa LCLH...
Јас неможам да потврдам дали Ломово кое што го земав има грејачи внатре, не видов низ решетката на вентилаторот, само се потпирам, односно му верувам на монтерот којшто е овластен монтер на Греемак, а воедно мој познаник, односно прибран човек којшто неверувам дека би ме излажал. Ми збореше и објаснуваше за грејачот на тацната и неговата улога во целиот процес околу замрзнувањето. Инаку климата точно е дека има тајмер, односно функција која служи за стартување на одредено внесено време по желба на корисникот. На крајот на краиштата ќе се почека грч ладното па ќе видиме како ќе се однесува самиот инвертер и дали сето тоа функционира како што и се очекува.
Јас како што веќе пишав сум лаик, но ете Стрелец како упатен во сета оваа игра убаво објасни дека она /О што е наведено на крајот од ознаката на моделот би требало да вкључува грејач што според мојата лаичка претпоставка е основен и важен дел на секоја клима која пред се е наменета за греење, токму поради можноста од замрзнување. Јас ќе ја следам работата на климата низ зимзскиот период па ќе пишам како се однесува.
На пример ете кај нас тоа LCLH го нема на крајот туку завршува со /О, а во претходните постови имаше објавено лист со Ломо моделите од Србија 3,5 и 5,5 и се гледа дека на крајот имаше LCLH ознаки.
И на внатрешната единица на мојов инвертер нема ознака LCLH, туку завршува со римско 1, /I
Баш ќе ја видам целосната ознака на внатрешната единица и ќе ја објавам, но сега не сум во станот, тоа од Понеделник натака...Инаку и мене поради тоа што не се разбирам ме интересира што се има на мојов инвертер па преку ознаките и со помош на форумов ќе се информирам, а воедно и сите заинтересирани.