N
nikola2004mkd
Гостин
Генерално не би требало да имаш проблеми, но треба да имаш во предвид неколку работи.
Прво и основно, можно е да треба да спроведуваш нов одвод за гасовите од согорувањето. Кај класичните камини и котли гасовите од согорувањето имаат голема температура (над 150 степени), и заради тоа овие гасови многу брзо се искачуваат нагоре доколку оџакот има правилен дијаметар. За разлика од нив кај печките и камините на пелети, согорувањето и предавањето на топлината е покомплетно а издувните гасови се на температура по 100 степени, па многу често е потребно местење на вентилатор на оџакот кој ќе ги влечи нагоре (доколку височината е поголема) или како поедноставна варијанта, спроведување преку прозор.
Второ, треба да провериш до сега на која температура си ја загревал водата/течноста. Класичните котли на дрва (повеќето) може да ја загреваат водата до 90 степени. Доколку вака си загревал мислам дека може да имаш потенцијален проблем (да не загрева достатно) бидејќи не верувам дека има уреди на пелети со толку капацитет.
Иако чистењето на пепел наместо секојдневно ќе треба да го правиш на 2-3 дена имај во предвид дека пепелот од пелетите е многу поситен и полесно се разлетува а е и потежок за чистење.
Најевтината варијанта за котел на пелети е котел/печка кој би те коштал околу 1500еур па нагоре. Само имај во предвид дека во ваков случај не се предава целата топлина на водата. Од 10KW на водата би се предавало најмногу 8KW.
За капацитетот на котелот најмногу зависи градбата (јужна/северна страна, изолација, столарија и сл), меѓутоа мислам дека доколку е класична градба би ти требал котел од околку 25KW.
Во врска со марките, знам дека имаше многу поплаки од Centrometal заради заглавување на пелети во дозаторот и проблеми со софтверот. Добри коментари имам слушнато за некои шведски котли, за бугарски (мислам дека беа Prity или така некако) и за некои босански.