Ај вака на неколку саати пред почеток на ЛШ сезонава да дадам мој prediction.
Трета година по ред ќе идам со Реал како фаворит за титула.Реал како што трнгал може многу лесно уште во февруари да ги изгуби шансите за титула во Ла Лига (со некаква си 10+ поени разлика) па во тој случај ќе се свратат кон ЛШ. Имаат тренер,имаат играчи,имаат квалитет.Што им фали не знам ама очигледно нешто им фали/еше.
Освен Реал тука нормално втор фаворит е Барселона која што последниве неколку сезони освојува ЛШ на секои 2 години.Лани освои Челзи што значи....
Но сепак мислам дека Барса годинава тешко дека ќе освои ЛШ.Дека годинава повеќето екипи веќе ја научија играта на Барса а Другарот Тито нема да успее да се снајде со противници кои што ќе постават добра контра тактика.
Покрај Реал и Барса како главни фаворити мислам дека големи шанси за освојување на титула има и некаква "аутсајдер" екипа.
Под аутсајдер не мислам на екипи како Нордсјеланд и Динамо Загреб туку на екипи кои што ќе освојат ЛШ на сличен начин како Интер и Челзи односно никој нема да очекува дека ќе освојат.
Од овие "аутсајдер" екипи најголеми шанси им давам на Баерн и Арсенал па до некаде и Јувентус иако мислам дека сезонава Јуве нема да можат да се справат со екипите кои што се редовни во ЛШ.
Друго што очекувам е да нема англиска екипа во финалето (освен Арсенал). Некој сега ќе ми пише добро бе ти нормален ли си знаеш ли какви екипи имаат Сити,Јунајтед и Челзи?
Да знам но сепак моето мислење е тоа. Се надевам дека сум грешка и дека Челзи повторно ќе игра финале ама реално мислам дека ни Челзи ни Сити ни Јунајтед нема да стигнат до финалето.
Друго.Нокаут фаза.Годинава очекувам каша попара нокаут фаза.Една од најквалитетните нокаут фази.Вообичаено последниве години од 8 меча на 6 победникот се знаеше пред да се изиграат мечевите.Годинава очекувам многу фаворити и да отпаднат во 1/8 финалето.
Трето.Челзи.Од навивачки аспект а и од аспект на тоа дека Челзи се моментални европски шампиони треба да ги кажам моите погледи
.За мене 1/2 финале сезонава би било рамно на финале а финале рамно на неверојатен успех.1/4 финале за мене е годинава целта во ЛШ а се друго би било бонус.
Се надевам дека сум грешка и дека токму Челзи како "аутсајдер" екипа за прв пат ќе ја одбрани титулата во ЛШ (како ЛШ).
П.С."Аутсајдер" екипи се тие екипи што кога играат дома против Барса имаат 2+коеф за нивна победа.Пример за тоа беше лани со Милан и Челзи. (небаре мислиш Динамо дошле на Ноу Камп)