Лига на Шампиони 2012/2013

Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.374
Поени од реакции
42.567
UEFA Champions League 2012/2013
Квалификациите за ЛШ се веќе завршени, па неколку часа пред извлекувањето на групите за оваа сезона, да ја отвориме и темата за ова натпреварување..​
Нема што да објаснувам за форматот на ова натпреварување, на сите тука ни е јасно.. Еве го календарот за оваа сезона, која стартува на 18/19 Септември..​

Финалето, како што гледате на сликата ќе се игра на 25 Мај, во Лондон, на Вембли стадионот.. Последното финале на овој стадион беше пред 2 сезони, кога Барса го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1..​
Tитулата ќе ја брани тимот на Челзи, кој во Финалето од минатата сезона славеше против Баерн Минхен на пенали.. Тоа беше прва титула во историјата на Челзи, а најтрофејни екипи се Реал Мадрид со 9, Милан со 7 и Ливерпул со 5.. Вкупно 22 различни екипи ја освоено Лигата на Шампионите..

Како фаворити сигурно ќе се споменуваат екипите на Реал Мадрид и Барселона, веднаш зад нив следат Манчестер Јунајтед, Челзи и Баерн Минхен.. Повратник во ЛШ од големите екипи е тимот на Јувентус, а се очекува подобри резултати и од Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и ПСЖ..​
Да не филозофирам многу безвеза, еве кои се барабаните за ждребот кој ќе се одржи денес во 18.00h..​
*Ако сакате Ilumious сега да ја заклучи темата, па во вториот пост да ставам слики од групите, ако не, дискусијата може да започне.. Со среќа на сите екипи, нека победи најдобриот!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ќеф ми е Сити и ПСЖ да отпаднат. :icon_lol:
Ќе има многу натпревари со 5+ ако не за друго ќе фатиме голема пара. :love:
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
Иначе јас баш сакав Сити со Милан, ме интересираше за кој ќе навиват Миланезите, ама за малце не бидна.. :D
зашто за Сити да навиваме ние миланезиве??
да не мислеше ПСЖ?? оти таму ни појде најдоброто дуо .. Т.Силва и Ибрахимович
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.374
Поени од реакции
42.567
интересна групава Д уште место ајакс јуве да играше, мераци :)
Да, ама не е финтата само групите да се јаки.. И што кога ќе испаднат 2 од Јуве, Сити, Реал и Дортмунд... А во 1/8 финале влезат Брага и Нордсјелнд.. Лани ЛШ ми беше најочајна од сите, со АПОЕЛ и Бенфика во 1/4 финале.. Се надевам оваа сезона ќе има што е можно повеќе фаворити и појаки утакмици.. Кажав еднаш, ако сакаме јаки групи, најарно да се врати онаа втора групна фаза што беше, место 1/8 финале.. Ама така ќе испоумрат фудбалерите... Ќе треба +4 утакмици..

Таман си е, според мене.. Едниот ден ќе го гледам Јунајтед.. Другиот ден Реал-Сити, Дортмунд-Сити, Реал-Дортмунд и реваншите... Топ.. :)
--- надополнето: 30 август 2012 во 19:42 ---
зашто за Сити да навиваме ние миланезиве??
да не мислеше ПСЖ?? оти таму ни појде најдоброто дуо .. Т.Силва и Ибрахимович
Не за тоа бе.. Така има малце повеќе навивчи на Милан што го симпатишат Сити.. :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Добро што толку запнувате со тоа анкетите по темиве, да не работите во државен завод за статистика или што? Што мења дали имало или немало анкета? Порано се знаеше, анкета се ставаше за да се избегнат еднолични/сеир постови а сеа таквите постови се 95% од темите, така да нема сврха за ова.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ќеф ми е Сити и ПСЖ да отпаднат. :icon_lol:
Ќе има многу натпревари со 5+ ако не за друго ќе фатиме голема пара. :love:
Ќе има изненадување во секој случај,кладилниците би требало да се во профит.
Лани ретко кој очекуваше АПОЕЛ да е прв во група и Јунајтед да испадне.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom