Cappie
Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
- Член од
- 29 мај 2008
- Мислења
- 1.914
- Поени од реакции
- 307
Не знам зошто ама до сега не ми беше текнало да барам тема за серијава тука на Кајгана...сеа случајно налетав, а и оти нема шо да праам ги исчитав сите мислења, па би сакал и јас да го дадам своето на полемиките околу HIMYM, FRIENDS, TBBT, иако како што спомна некој би требало посебна тема за тоа, за да се нарушува оваа тема...сепак...
Friends ги иам изгледано најмалку по 3 пати. Доста реплики и ситуации од кај нив ми се познати и ги користам доста често. И после 6 години од нивното завршување сметам дека е најдобрата серија која ја имам гледано, со константниот хумор, нови финти и неочекувани работи кои издржаа 10 сезони.
HIMYM ја сретнав случајно на Канал 5 и оттогаш почнав да симнувам, да гледам, да се интересирам итн за серијата. Генерално за 5 сезони досега, мислам дека има работи кои што дотогаш не се прикажани во некоја серија, еден вид на хумор кој лесно и интересно може да се користи во секое друштво (кога двајца или тројца го закачаат некој ради нешто шо кажал или направил). Барни и неговите способности се приказна за себе.
TBBT ја збореше една другарка цело време, како нешто многу смешно, бла, бла, и бев приморан да и дадам шанса и да видам за што се работи. Првите неколку епизоди ме привлекоа, па ги догледав сите досега снимени. Според мој вкус солидна серија, навремено си поигруваат со степенот на хумор како не би станала досадна, и секако ќе продолжам да ја гледам и новата сезона.
Е сега, Friends е најдобра затоа што беше прва серија од ваков тип. Собрана мала екипа на луѓе и се раскажува за нивниот живот и згоди и незгоди на хумористичен начин. Со тоа што беа први, не можеа да имаат финти кои веќе се случиле. Тоа што немаше многу тупење и се одеше директно на хуморот, а сепак се задржуваше некоја приказна беше додатен плус. Другиве две се појавија откако Friends веќе завршија со снимање. Од време на време, ќе се случи нешто па ќе си помислеш, еј, па ова го имаше во Friends...тука веќе губат. Тоа што веќе во 5-та односно 3-та сезона веќе покажуваат знаци на досадност и премала доза на хумор секако ги става зад Friends. Истата оваа реченица ја става TBBT зад HIMYM, затоа што има 2 сезони помалку а веќе ги има истите симптоми. Тоа што пола од тоа што го зборат тоа физичарите не го разбирам е додатен минус.
Уште еден факт кој што може да биде аргумент за ваквото мое рангирање е соживувањето со ликовите и со самата серија. Имено, Friends има мал милион настани, финти, реплики кои можат да бидат искористени од било кој во секојдневието, HIMYM имаат исто така многу, од кои, некои се толку познати што би ги разбрале секаде во светот, додека TBBT освен налудничавото "knock, knock, knock, Penny'' и "Bazzinga", нема ништо друго што би можело да се 'искористи', барем не за нас нефизичарите
Ех, шо ти прави досада, се отепав пишувајќи
Како и да е, продолжувам да ги гледам и двете серии со новите епизоди за десетина дена, па ќе коментираме тука за Барни, Тед, Робин, Маршал и Лили :tv: