How I Met Your Mother

Кој ви е омилен лик од серијата


  • Вкупно гласачи
    301
  • Гласањето е завршено на .

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Не знам зошто ама до сега не ми беше текнало да барам тема за серијава тука на Кајгана...сеа случајно налетав, а и оти нема шо да праам ги исчитав сите мислења, па би сакал и јас да го дадам своето на полемиките околу HIMYM, FRIENDS, TBBT, иако како што спомна некој би требало посебна тема за тоа, за да се нарушува оваа тема...сепак...

Friends ги иам изгледано најмалку по 3 пати. Доста реплики и ситуации од кај нив ми се познати и ги користам доста често. И после 6 години од нивното завршување сметам дека е најдобрата серија која ја имам гледано, со константниот хумор, нови финти и неочекувани работи кои издржаа 10 сезони.
HIMYM ја сретнав случајно на Канал 5 и оттогаш почнав да симнувам, да гледам, да се интересирам итн за серијата. Генерално за 5 сезони досега, мислам дека има работи кои што дотогаш не се прикажани во некоја серија, еден вид на хумор кој лесно и интересно може да се користи во секое друштво (кога двајца или тројца го закачаат некој ради нешто шо кажал или направил). Барни и неговите способности се приказна за себе.
TBBT ја збореше една другарка цело време, како нешто многу смешно, бла, бла, и бев приморан да и дадам шанса и да видам за што се работи. Првите неколку епизоди ме привлекоа, па ги догледав сите досега снимени. Според мој вкус солидна серија, навремено си поигруваат со степенот на хумор како не би станала досадна, и секако ќе продолжам да ја гледам и новата сезона.

Е сега, Friends е најдобра затоа што беше прва серија од ваков тип. Собрана мала екипа на луѓе и се раскажува за нивниот живот и згоди и незгоди на хумористичен начин. Со тоа што беа први, не можеа да имаат финти кои веќе се случиле. Тоа што немаше многу тупење и се одеше директно на хуморот, а сепак се задржуваше некоја приказна беше додатен плус. Другиве две се појавија откако Friends веќе завршија со снимање. Од време на време, ќе се случи нешто па ќе си помислеш, еј, па ова го имаше во Friends...тука веќе губат. Тоа што веќе во 5-та односно 3-та сезона веќе покажуваат знаци на досадност и премала доза на хумор секако ги става зад Friends. Истата оваа реченица ја става TBBT зад HIMYM, затоа што има 2 сезони помалку а веќе ги има истите симптоми. Тоа што пола од тоа што го зборат тоа физичарите не го разбирам е додатен минус.

Уште еден факт кој што може да биде аргумент за ваквото мое рангирање е соживувањето со ликовите и со самата серија. Имено, Friends има мал милион настани, финти, реплики кои можат да бидат искористени од било кој во секојдневието, HIMYM имаат исто така многу, од кои, некои се толку познати што би ги разбрале секаде во светот, додека TBBT освен налудничавото "knock, knock, knock, Penny'' и "Bazzinga", нема ништо друго што би можело да се 'искористи', барем не за нас нефизичарите :)

Ех, шо ти прави досада, се отепав пишувајќи :)
Како и да е, продолжувам да ги гледам и двете серии со новите епизоди за десетина дена, па ќе коментираме тука за Барни, Тед, Робин, Маршал и Лили :tv:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
HIMYM ја сретнав случајно на Канал 5 и оттогаш почнав да симнувам, да гледам, да се интересирам итн за серијата. Генерално за 5 сезони досега, мислам дека има работи кои што дотогаш не се прикажани во некоја серија, еден вид на хумор кој лесно и интересно може да се користи во секое друштво (кога двајца или тројца го закачаат некој ради нешто шо кажал или направил). Барни и неговите способности се приказна за себе.
Се е убаво што си се помачил, иако споредбата помеѓу Пријатели и оваа серија е како споредба помеѓу Мерцедес и Застава 101. Нејќам да иритирам некои фанови на серијава ама болдираната реченица горе ти кажува се: еден вид на хумор кој лесно и интересно може да се користи во секое друштво. Поинаку кажано, обични муабети какви што можеш да слушнеш во секој автобус во ЈСП кога се враќаат децава од школо. До таму бил капацитетот на авторите очигледно. Тоа си има и плусеви, за разлика од TBBT оваа е серија која и мали деца можат да ја разберат, па си собира фанови. TBBT има проблем да ја разбере секој што не знае основни работи од физика, Стар Трек и Стар Ворс, исто како и Spin City која ја гледам во моментов, што не е погодна за некој кој не знае елементарни работи од политиката. HIMYM е во секој случај беше разочарување за мене. Барни е единствен лик кој уствари треба да глуми во сит-ком, авторите дополнително ги утепале со лошо сценарио и лејм шеги кои изгледа ги собираат со шетање низ град и наслушнување што се збори...
 
Н

'Никола'

Гостин
На 20ти почнува шеста сезона. Се надевам нема да ја тупат толку колку во петтава.
 
Н

'Никола'

Гостин
Ја изгледав сеа новава епизода. Просек просек просек. Не ме импресионираа воопшто.
Искрено се насмеав само на моментот
high five.....no no....high six
:)
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Најновата епизода беше предобра и пресмешна. Една од најдобрите од сите сезони. :)


:pos2:
 
Н

'Никола'

Гостин
^ Беше смешна, да, но далеку од најдобра досега. Имаше и тоа како подобри и посмешни епизоди во минатите сезони.
За мене досега "The Playbook" ќе остане врв.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
^ Беше смешна, да, но далеку од најдобра досега. Имаше и тоа како подобри и посмешни епизоди во минатите сезони.
За мене досега "The Playbook" ќе остане врв.
Меh..

Ќе се согласам со kiksuperman, една од најдобрите досега, и далеку подобра од Playbook. It was legendary.. wait for it.. :pos2:

*ќе им текне на сите на моментот.
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
леле :pos2: сериозно се послав од смеење со Stand by me...ме изненади епизодава и ми ја врати желбата да ја гледам :)
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
мрднат е стинсон...и тоа целосно!!!
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Само јас или последнава епизода беше прилично интересна?

Where's the poop, Robin?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Имам фатено неколку епизоди од серијава и на Канал 5, а и на Фокс Лајф и не знам зошто ама не ми е ништо посебно. Вака кога нема ништо друго на ТВ, би ја гледала, ама никогаш не би трошела МБ на неа. Сум гледала сигурно над 10тина епизоди вкупно и ниеднаш не успеале да ме насмеат на глас. :toe:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Само јас или последнава епизода беше прилично интересна?

Where's the poop, Robin?
Беше неверојатно досадна. Ај нека заврши серијава, само звукот на флешбекот остана да е добар.
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Првите 4 сезони беа невероватно добри, 5та беше просечна, а во 6тава мислам дека треба да се најде нивната мајка :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.900
Поени од реакции
6.975
Да стварно првиве две епизоди не беа нај нај, се надеваме ќе ја подобрат понатаму и на крај убо да заврши со што ќе се комплетира серијата и ќе ни сотави добар впечаток. Нема смисла за 7 сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom