Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Бравос за Колевски.
 
Честитки за Зоки , прво место во категорија до 85 килограми во Бугарија на European Men’s BB and CBB Championships .
evropa_7.jpg

браво за зоки , прав звер !!! многу квалитетна генетика упм :O
 
Ај да видиме нешто за сериите некако чидно али никој нема прашано или напишано. Еве јас да прашам, јас вежбам вака за одделните групи на мускули.

Бицепс - 8 серии
Трицепс - 10 серии
Рамо - 12 серии
Гради - 14 серии
Грб - 16 серии
Нозе - 20 серии

Кое е вашето мислење, ок ли е вака треба ли негде да додадам или да одземам пишете кој е вашиот број на серии за одделни мускулни групи.

вежбаш за дефиниција, за маса или за сила??

Значи јас би рекол прво зависи колку време вежбаш која ти е целта па според тоа треба да се направи програма колку серии колку пауза итн...

За маса вежбам, иначе година дена вежбам во теретана а претходно година дена дома вежбав.
 
Брат а да почнеш да трчаш ? ем побрзо ке набиеш кондиција ем побрзо ке ослабеш ?

No pain no gain !

пс:
Боли клипов ...

не си прочитал добро ..не сум машко за да сакам плочки, туку имам вишка стомак, сеа за пред лето сакам да ми е рамен :)
 
За маса вежбам, иначе година дена вежбам во теретана а претходно година дена дома вежбав.

епа ако вежбаш за маса намали со серии прај ги само битните вежби за маса што се, на пример за гради само на бенч и на кос бенч... по 4 серии и за другите групи ке ти кажат у теретана кој ти се за маса вежби само тие прај ги
 
не си прочитал добро ..не сум машко за да сакам плочки, туку имам вишка стомак, сеа за пред лето сакам да ми е рамен :)

Па трчај бе девојче прави кардио вежби, неможе да биде попросто.
 
Па трчај бе девојче прави кардио вежби, неможе да биде попросто.

викат со трчање, имаш добра кондиција ..али г`зот ти се смалува.. :S :D

а баш си го сакам ваков ко шо ми е :D
така да, трчање отпаѓа ..др неш?
 
Не се смалува гзот, него се топи сланината на гзот и станува цврст. Ипак твоја волја.
Ако нејќеш да ти се смали, пробај со точак...ама штом се топи сало, се топи од сегде, пак ќе ти се намали задниот дел а најнакрај стомакот (првин раце, нозе). и не е толку битно само трчање или само вежбање ако не смениш храна, повеќе салати, помалку масно.

Мада за месец дена до јули не знам, треба ептен да запнеш.
 
викат со трчање, имаш добра кондиција ..али г`зот ти се смалува.. :S :D

а баш си го сакам ваков ко шо ми е :D
така да, трчање отпаѓа ..др неш?

Ти ептен на готово сакаш, да ослабиш ама ништо да не вежбаш, може и така со диета ама кога ќе ја прекинеш ќе си го вратиш салцето :).

Инаку рецептот е прост: Мораш да внесеш помалку калории одошто трошиш и тогаш телото ќе почне да ги топи масните наслаги. И обратно, кога внесуваш повеќе калории одошто трошиш телото несогорените ги траложи како масни наслаги или нагалено кај вас девојките салце :).

Чим не сакаш џогинг ти остануваат возење точак и ролерки како и обавезно стомачни како би удрила баш на таа партија. И не се плаши нема да добиеш плочки, не се добиваат така лесно дури и да сакаш ама стомачните мускули ќе ти се зацврснат што за девојка е одлично.

И обавезно смали внес на бел леб, тестенини од бело брашно, пржени, тешки и масни храни како и бел шеќер во големи количини инаку ќе имаш слаб резултат.

За другото не му мисли пак ќе ти остане округло ако не претераш во екстрем :).
 
порано праев стомачни, по 50 на ден .. 2 недели така, и немаше ништо фајда ..пак си имаше салце :/

--- надополнето ---

пс: веќе 2 дена јадам само корнфлекс .. ништо друго ..
 
порано праев стомачни, по 50 на ден .. 2 недели така, и немаше ништо фајда ..пак си имаше салце :/

--- надополнето ---

пс: веќе 2 дена јадам само корнфлекс .. ништо друго ..

Ни на стероиди да си неможеш да очекуваш резултати за 2 недели, стрпи се.
Смени нешто немој да јадеш само корнфлекс ќе го нарушиш метаболизмот, тогаш па ич нема резултати да видиш, намали со калории, благо и масно не ни помислувај.
 
порано праев стомачни, по 50 на ден .. 2 недели така, и немаше ништо фајда ..пак си имаше салце :/

--- надополнето ---

пс: веќе 2 дена јадам само корнфлекс .. ништо друго ..
Не ја право оваа грешка молимте.Јаде си скоро се.Немој само една иста работа секој ден да јадеш.Намали со леб(по можност и воопшто не го јаде) и благо никако.А и за 2 недели ништо неможеш да направиш.Премногу мал период ти е тоа.

--- надополнето ---

Него ја сакав да прашам нешто друго.Денес после долго време конечно и мене вагата да ми се насмее :):).Презадоволен од мојот успех околу намалување на килограмите сакам да прашам дали би били добро сега да земам некој топач за уште побрзо да продолжам со топење на салото или да си продолшам и како до сега????????
 
порано праев стомачни, по 50 на ден .. 2 недели така, и немаше ништо фајда ..пак си имаше салце :/

--- надополнето ---

пс: веќе 2 дена јадам само корнфлекс .. ништо друго ..

И вие девојките сте за ќотек, се ќе направите и на најригоронза диета ќе се ставите само да не се запотите :).

Јас не би симнал стомак за 2 недели па не ти :). Ќе ти треба многу ригорозен тренинг и тешка диета за 2 недели да стопиш сало ама не ти ја препорачувам затоа што нема да имаш траен ефект а ќе го замориш екстремно оргазнизмот.

Тоа што јадеш само конфлекс 2 дена е многу будалесто (без лутење :)) ама ако си запнала терај само не ти е воошто здраво а уште помалку умно :).

Нормално ќе ти требаат аколу 2 месеца за лежерно и со траен ефект да симнеш салце на стомак.
 
порано праев стомачни, по 50 на ден .. 2 недели така, и немаше ништо фајда ..пак си имаше салце :/

--- надополнето ---

пс: веќе 2 дена јадам само корнфлекс .. ништо друго ..

2 недели се многу мал период во споредба со (претпоставувам) салото што го имаш наталожено до сега.
За рамен и стегнат стомак, исхраната има уддел дури 90% !

Јас досега само една сезона имав видливи стомачни (симетично оцртани) и тоа со најригирозната исхрана (велам исхрана, не диета)

Според мене осмислена од непрофесионален нутриционист може да има само јо-јо ефект, а тоа по завршувањето со истата, килограмите да се вратат во поголем број.

Одсекогаш сум го кажувал истото... јадете што сакате (мрсното и благото да не бидат приоритет)
НО по малку, повеќе пати во денот. На тој начин ќе го забрзаш метаболизмот, и ќе трошиш повеќе калории.
Никогаш нема да бидеш гладна, резултатите од забрзаниот метаболизам ќе ги забележиш за кратко време.
 
Метаболизмот и јадењето се многу зависни едно од друго. Мозокот, телото работи во одбрана на своите функции па ако намалиш јадење, телото добива сигнал да се намали/успори и метаболизмот. Ептен треба пазење со рецептите за слабеење оти ако сега не осетиш, постојат шанси во старост да се осетат тие пореметувања и проби...ако сакаш Сењорита да си го зачуваш здравјето, добронамерно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom