Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Уште едно прашање , за цврсти стомачни - редовно ги правам меѓутоа некако минативе 3 месеци правење немам некој резултати. Некој вежби за стомачни потешки што ќе ме изгорат да можам да си ги дооформам до крај на јуни ?
 
Барам по ова темиве не можам да најдам некоја која ми е соодветна за прашањево па ајде да си ја пробам среќата овде.
Сакам да почнам да возам ролери, ем за кондиција, ем за да симнам некое кило. Е сега ме интересира колкава минутажа е доволна за да се постигне тој ефект, со напомена дека одамна немам возено ролери макар што на времето цепав и тоа доста километража со нив. Значи со колкава минутажа да започнам?
Ти одговорија, додека не се испотиш :)
И намали јадењето :)
 
некое решение да се израмни стомакот кај нас девојките,сеа за пред лето?
:/
 
Ти одговорија, додека не се испотиш :)
И намали јадењето :)

Е тука драги мои е и проблемот. Јас не се потам. Сум трчала и по 4 километри наеднаш без престан, и ниту капка пот немало на мене. Имам чуден организам, дури и во лето не се потам, а камоли со вежбање. Затоа прашувам за минутажа, оти ако чекам да се испотам ќе ме стрефи инфаркт :pos:
 
земи јади љути фафаронки мора да се испотиш
 
Уште едно прашање , за цврсти стомачни - редовно ги правам меѓутоа некако минативе 3 месеци правење немам некој резултати. Некој вежби за стомачни потешки што ќе ме изгорат да можам да си ги дооформам до крај на јуни ?

Но гледај да ти направиш коректно и точно на број :)
некое решение да се израмни стомакот кај нас девојките,сеа за пред лето?
:/

Лесен кардио тренинг од 10 минути, потоа стомачни 10 минути, и пак на кардио уште некои си десетина минути.

И внимавај на исхраната. Мрсно, благо поретко.

Е тука драги мои е и проблемот. Јас не се потам. Сум трчала и по 4 километри наеднаш без престан, и ниту капка пот немало на мене. Имам чуден организам, дури и во лето не се потам, а камоли со вежбање. Затоа прашувам за минутажа, оти ако чекам да се испотам ќе ме стрефи инфаркт :pos:

Пробај да пиеш по 4-5 литри вода на ден.
Можеби имаш недоволно количество на вода па телото само не дозволува екстра потење за што ќе ја исфрли потребната количина на вода.
 
Ај да видиме нешто за сериите некако чидно али никој нема прашано или напишано. Еве јас да прашам, јас вежбам вака за одделните групи на мускули.

Бицепс - 8 серии
Трицепс - 10 серии
Рамо - 12 серии
Гради - 14 серии
Грб - 16 серии
Нозе - 20 серии

Кое е вашето мислење, ок ли е вака треба ли негде да додадам или да одземам пишете кој е вашиот број на серии за одделни мускулни групи.

вежбаш за дефиниција, за маса или за сила??
 
Накратко само, нови информации од купот кој се одржа во Бугарија, нашиот шампион Зоки Колевски го освои првото место
на купот и им го зема златото... повеќе информации наскоро :)
 
Е тука драги мои е и проблемот. Јас не се потам. Сум трчала и по 4 километри наеднаш без престан, и ниту капка пот немало на мене. Имам чуден организам, дури и во лето не се потам, а камоли со вежбање. Затоа прашувам за минутажа, оти ако чекам да се испотам ќе ме стрефи инфаркт :pos:
И јас сум трчал по 10 километри па не сум се потел, ама сум трчал и 300 метри и сум се потел :)
Значи, ако возиш ролерки не вози за да го гледаш вардар и машките, туку да се испотиш :) Значи, вози побрзо, динамично, не можам повеќе да ти кажам зашто неам возено ролерки од мал, али ако трчаш подобро истрчај побрзо а помала километража отколку да трчаш 10 километри со споро темпо, значи истото и за ролерките би требало да важи.
 
Ај да видиме нешто за сериите некако чидно али никој нема прашано или напишано. Еве јас да прашам, јас вежбам вака за одделните групи на мускули.

Бицепс - 8 серии
Трицепс - 10 серии
Рамо - 12 серии
Гради - 14 серии
Грб - 16 серии
Нозе - 20 серии

Кое е вашето мислење, ок ли е вака треба ли негде да додадам или да одземам пишете кој е вашиот број на серии за одделни мускулни групи.

Значи јас би рекол прво зависи колку време вежбаш која ти е целта па според тоа треба да се направи програма колку серии колку пауза итн...
 
Каде во Скопје можам да купам боја за натпревар и колку е цената?
 
некое решение да се израмни стомакот кај нас девојките,сеа за пред лето?
:/
Пробај палео диета во комбинација со било каков начин на вежбање секој ден. Не е битно дали ќе пешачиш, трчаш, ролаш, возиш точак, правиш стомачни или било каква друга физичка активност. Битното е секој ден. И не постои точен број на сетови, повторувања на стомачни или дистанца на км за трчање, пешачење или слично бидејќи твоите нивоа на кондиција и сила се непознати.
 
Брат а да почнеш да трчаш ? ем побрзо ке набиеш кондиција ем побрзо ке ослабеш ?

No pain no gain !

пс:
Боли клипов ...
 
Честитки за Зоки , прво место во категорија до 85 килограми во Бугарија на European Men’s BB and CBB Championships .
evropa_7.jpg
 
За стомачни дефинитивно 90% исхрана.. Без разлика колку кардио правите за да ви се оформат и долните стомачни тое е ептен тешко.. Освен кај фудбалерите кои трчаат по сат ипол на тренинг и јадат што ќе стигнат и пак имаат стомачни..
Но за секој нормален човек само средена исхрана.. Сега башка во лето полесно ќе ви биде ако не јадете мрсно,пржено.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom