Здраво на сите,
На мојата 15 годишна ќерка денес на чекирање на багаж и беше забранет излез од земјава.
Требаше да лета за Дортмунд, ама Wizzair откако и ја чекираа картата - ни побараа сертификат за вакцинација, иако приложивме доказ за прележан ковид и негативен пцр тест. Госпожата на шалтер почна да не прашува каде ќе оди, па бараше да и наведеме некоја "посебна" причина за патувањето, па дека не е време да патува особено не сама, дека само за специјални потреби треба да се патува, дека може да посетува само роднини од прво колено?! за да резимира дека мора да биде вакцинирана за да може да ја пушти во авион, оти секако ќе ја врателе од Германија???
Во изминатиов период во кој го планиравме нејзиното патување, а и до моментов на официјалните страни на Wizzair, Министерство за надворешни работи, македонска амбасада во СР Германија, аеродромот во Дортмунд, Институтот Koch и други - никаде не се наведени "специјалните" барања на Wizzair.
Инаку, ќерка ми ќе одеше кај вујко и на гости една недела, да го искористи зимскиот распуст, прв самостоен лет, да прослави роденден на братучетката.
И сега треба да се чудам како ми продаде Wizzair билет, па на крај не ми дозволи да го искористам?
И на моето прашање за рефундирање на средствата од картата - ме упатија да си најдам на интернет шо ме интересира оти они не биле надлежни.
Имал некој слично искуство периодов?