Ќе те замолам да ги споделиш условите што Германија ги пропишала за влез на граѓани од РМ, пошто нели не сум ги видел?Германија има поставено услови за влез и тие треба да се исполнети и да се почитуваат. Зарем вие не ги видовте условите? Дали свесно ја пуштивте да си ја проба среќата, а ќерка ви е невакцинирана?
ВизЕр може да ви продаде 30 карти за летање, а ваше е како што кажа членот погоре, да се погрижите да ја обезбедите целата документација. Пасош, карта, вакцина во случајов, и не сум сигурен за пријава за пристигнување (Einreiseanmeldung).
Добро што воопшто не ја пуштиле во авион, инаку ќе требаше да ја задржат таму, или да ја вратат со друг лет.
Да надополнам дека ВизЕр не се тие што поставуваат специјални барања, туку државата на пристигнување. Колку што знаѓ, мора да си вакциниран со признатите вакцини за влез.
Плус некаде прочитав дека ВизЕр добива казни ако пушти патник со некомплетна документација.
Она дека цитирам "свесно ја пуштивте да си ја проба среќата" ... мислам дека е одвишок да го коментирам ...
btw... побарав мислење дали некој имал слично искуство периодов или да се сподели официјална информација кои се услови за влез во Германија?
Поздрав.