Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
15 август 2013
Мислења
22
Поени од реакции
58
Здраво, би сакала да прашам ако некој има искуство скоро овој период да патувал, во земјата кајшто ќе патувам не ми бараат тест, вакцинирана сум со синофарм. Прашањето ми е дали Wizzair бараат да се тестираат патниците, пошто бараа летото. Ви благодарам.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895

Види земјата кај што патуваш дали ја има Синофарм на листата на одобрени вакцини.
 
Член од
15 август 2013
Мислења
22
Поени од реакции
58
Види земјата кај што патуваш дали ја има Синофарм на листата на одобрени вакцини.
Ти благодарам. Треба да патувам во Данска, таму е одобрена Синофарм, ама овие од Wizzair не знам дали ќе бараат.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Ти благодарам. Треба да патувам во Данска, таму е одобрена Синофарм, ама овие од Wizzair не знам дали ќе бараат.
Јас не знам каде пишува дека во Данска е одобрена Синофарм. Имаш линк?

1639137467076.png

Инаку еве на овој линк можеш да ги најдеш сите одговори.
Ако Данска не бара тест во случај да е прифатена Синофарм, нема што Визеир да ти бара.
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Да прашам за секој случај бидејќи знаат авионскиве компании да се полни со трикови :)

Имам избор со flex да променам лет. Ако го променам, нема да ми да ми ја надоместат разликата иако новиот лет е поефтин. Во обратен случај, ќе мораше да доплатам. Ако го откажам пак, во принцип тие пари ги рефундираат на Wizz сметката со што би можел да ги искористам да букирам друг лет и да останат дел од средствата, што ми изгледа како поекономична опција, освен ако нешто не пропуштам.

Дали рефундирањето е инстантно, и дел од тие средства што ќе останат ќе можам да ги искористам (мислам дека во рок од три месеци беше) за следниот лет. Имал некој вакво искуство?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.860
Поени од реакции
34.895
Дозволува ли Wizzair алкохол во чекиран багаж? Конкретно за виски од 750мл, 40% алколол?
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.111
Дозволува ли Wizzair алкохол во чекиран багаж? Конкретно за виски од 750мл, 40% алколол?
niedna kompanija ne pravi problem za toa... edino imaj ma um kolku e dozvoleno da vnesis u drzavata kaj sto letas, ako precekoris nema da ti go cekiraat.... u mk e litar mislam....
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Можеби малку глупо прашање ама ете не сум информиран. Дали треба тест или вакцина при влез во Македонија?
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Можеби малку глупо прашање ама ете не сум информиран. Дали треба тест или вакцина при влез во Македонија?
Јас кога влегував во МК пред околу месец дена ми побараа доказ за вакцинација. И на страната на МНР го пишува истото.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Можеби малку глупо прашање ама ете не сум информиран. Дали треба тест или вакцина при влез во Македонија?
Антиген, ПЦР или 2 пати вакциниран.
 
Член од
10 јануари 2014
Мислења
27
Поени од реакции
11
Дали некој има инфо зошто се откажани сите летови за 2022 на wizzair од Скопје - Барселона?
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
3.590
Дали некој има инфо зошто се откажани сите летови за 2022 на wizzair од Скопје - Барселона?
Затоа што моментално во Шпанија, Италија и голем дел од Скандинавија има целосна или делумна забрана за влез преку воздушна линија од земји со висок ризик
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2
Поени од реакции
2
Здраво на сите,

На мојата 15 годишна ќерка денес на чекирање на багаж и беше забранет излез од земјава.

Требаше да лета за Дортмунд, ама Wizzair откако и ја чекираа картата - ни побараа сертификат за вакцинација, иако приложивме доказ за прележан ковид и негативен пцр тест. Госпожата на шалтер почна да не прашува каде ќе оди, па бараше да и наведеме некоја "посебна" причина за патувањето, па дека не е време да патува особено не сама, дека само за специјални потреби треба да се патува, дека може да посетува само роднини од прво колено?! за да резимира дека мора да биде вакцинирана за да може да ја пушти во авион, оти секако ќе ја врателе од Германија???
Во изминатиов период во кој го планиравме нејзиното патување, а и до моментов на официјалните страни на Wizzair, Министерство за надворешни работи, македонска амбасада во СР Германија, аеродромот во Дортмунд, Институтот Koch и други - никаде не се наведени "специјалните" барања на Wizzair.
Инаку, ќерка ми ќе одеше кај вујко и на гости една недела, да го искористи зимскиот распуст, прв самостоен лет, да прослави роденден на братучетката.

И сега треба да се чудам како ми продаде Wizzair билет, па на крај не ми дозволи да го искористам?
И на моето прашање за рефундирање на средствата од картата - ме упатија да си најдам на интернет шо ме интересира оти они не биле надлежни.

Имал некој слично искуство периодов?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665

Ако немаш на писмено зашто те одбиваат да патуваш (океј во случајов ќерката) не можеш да докажеш, ти можеш да кажеш една работа, госпожата ќе рече немаа никакви документи и завршена работа.
Визаир секогаш ќе ти продаде карта, твое е да ги исполниш условите за влез во дестинацијата (ако не успееш не е тоа нивни проблем)
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Германија има поставено услови за влез и тие треба да се исполнети и да се почитуваат. Зарем вие не ги видовте условите? Дали свесно ја пуштивте да си ја проба среќата, а ќерка ви е невакцинирана?

ВизЕр може да ви продаде 30 карти за летање, а ваше е како што кажа членот погоре, да се погрижите да ја обезбедите целата документација. Пасош, карта, вакцина во случајов, и не сум сигурен за пријава за пристигнување (Einreiseanmeldung).

Добро што воопшто не ја пуштиле во авион, инаку ќе требаше да ја задржат таму, или да ја вратат со друг лет.

Да надополнам дека ВизЕр не се тие што поставуваат специјални барања, туку државата на пристигнување. Колку што знаѓ, мора да си вакциниран со признатите вакцини за влез.

Плус некаде прочитав дека ВизЕр добива казни ако пушти патник со некомплетна документација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom