- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 13.834
- Поени од реакции
- 33.744
Не знам како сте можеле да ја гледате епизода по епизода. Јас чекав да излезе цела сезона, па после и влегов. Многу подобра сезона од претходната. Не дека претходната мене ми беше лоша, до душа, ама ете, во моментов и не се сеќавам баш на многу детали од неа. За разлика од првата. Тука ми се допадна линеарноста, не знам дали бев спремен за уште една тајмлајн тортура. Плус, ми се допадна многу тој Blade Runner vibe. Кејлеб Николс >= Џеси Пинкман. Долорес не ми беше антипатична. Не можев да им ги разберам само мотивите на некои: ај Мејв ја движи мислата за ќерка и, у реду е. Ама Бернард? Зошто сакаше да ја спречи Долорес, ете, уште ми е мистерија. Сезонава особено ми се допадна ликот на Шарлот/Долорес, нејзе ич не ја можев минатата сезона. А за Вилијам, да, и јас мислам дека беше повеќе само одржување во живот за неговите приказни кои допрва претстојат. Ама последните 3 епизоди пак некако ја испомешаа. Ко намерно да сакаат да го збунат гледачот. ОК беше тоа во првата сезона, имаше mindblowing ефект. Сега имаше само meh ефект, и искрено ми го расипаа филмот. И финалето беше лошо, според мене, можеа многу поинаку да ги вртат коцките.
Инаку, може е до мене, може јас сум глуп, ама 2 работи не можам дефинитивно да ги сфатам: 1 - што е филмот со тој другиот свет во кој отидоа многу од хостовите во втора сезона, а во кој, претпоставувам, на Бернард му се отвори портата на крајот сега? Тоа е actual, физички свет, нешто како паралелна димензија, или само state of mind? Зашто во втора сезона, кога скокаа преку работ, не сум сигурен дека физичките тела им останаа видливи. На Бернард сега, му остана. Дури во after-credits сцената видовме дека се врати. Јас стварно не го разбирам овој дел, може сум испуштил нешто, може некој детаљ ми избегал или се погрешно сум сфатил. И 2 - ако и после толку многу умирања сто пати ги оживеаја и Долорес, и Мев, и Хектор (него па особено, сто пати беше масакриран), па и сите други, не можам да разберам како не го вратија Теди? Ете, од компанијата ако не го сакале тој хост, зошто Долорес не го рекреираше него да биде еден од петмината носители на нејзиниот бисер? Да, единствено логично објаснување е - актерот не бил достапен или не се договориле. Ама тоа е outside Westworld објаснување. Мене ми треба логика внатре.