Многу лоша епизода според мене. Тоа дрогата што ги тера да вртат саундтрак од филмови изгледа е нешто што сценаристите го земале пред да ја напишат епизодава... ме измори саундтракот максимално. Забегуваат со Матрикс елементи и забавени снимки, ја менуваат серијата од корен. Акционите сцени изгледаат многу ефтино. И лик во серија се убива или кога публиката го мрази до коска или кога го засакува. Иначе те остава тотално индиферентен, никаква емоција не ми разбуди убиството.
Бонус прашање: ако куршумот беше со наведување до целта, што потреба имаше Долорес да го прати Џеси Пинкман да се пентари на колата за point and shoot и да ризикува да го изрешетаат? Не можеше едноставно да пукне во воздух и Долорес да го насочи куршумот?