Westworld

  • Креатор на темата Креатор на темата NewForce
  • Време на започнување Време на започнување
Просек епизода некако ми беше, иако се дешаваа работи. Мислам дека е ради Ед Харис и актеркава Теса, изгледа не ги можам потсвесно. Не ми е јасно само кодот/датата од хостовите е спасен и пратен до Долорес од претходно или све отиде во експлозијата ( не дека барам влакно у јајце :D али Долорес пред некоја епизода парче напраи, ја хакна секоја електронска направа со ip и mac адреса за да сега чека Хејл да и ги прати податоците кои веројатно стојат на повеќе сервери)? Овие топчињата или бисери или како и да ги викаат се ваљда некоја футуристичка верзија на микроконтролери.
 
7 епизода феноменална , почнаа работите да се размрсуваат
 
Добро финалево, да не правам спојлери пошто многумина го немаат гледано. Се надевам дека нема да чекаме 2 години за уште една сезона.
 
Зошто ги ставаат најважните сцени после одјавата? За малку немаше да видам ништо.
 
Почна добро сезонава, интересно беше да се види ова со АИ-то како е представено во идниниата. Ама сеа веќе си се враќа на стандардното Westworld, не се знае кој пие кој плаќа.
 
Алчни за пари ја уништуваат серијата и прават вака сезони. Значи не е проблем да им било однапред планирани 3-4 сезони(па и повеќе) туку проблемот е кога лакомите гомна ќе видат убави пари од 1 сезона и сакаат повеќе.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Па не би рекол дека заврши мизерно, заврши онака како што треба за да има материјал за нова сезона. Најверојатно ова е задња сезона на Еван Рејчел Вуд како Долорес. Вилијам стана хост. Сеа малце тајмлајните ќе видиме како ќе бидат, Men in Black кога го уби Вилијам најверојатно е блиску до настаните од третата сезона, а пак Бернард кога се буди од сонот е пост-апокалиптично време негде 50-150 години во иднината. Наредната сезона ваљда ќе има два тајмлајни, еден во сегашноста со Шарлот и Men in Black и тој во иднината со Бернард, низ сезоната може и да се поклопат настаните.
 
Последно уредено:
Мислам Вилијам кога е умира е одма по дејствието на оваа сезона, не втората.
 
Последно уредено:
Па не би рекол дека заврши мизерно, заврши онака како што треба за да има материјал за нова сезона. Најверојатно ова е задња сезона на Еван Рејчел Вуд како Долорес. Вилијам стана хост. Сеа малце тајмлајните ќе видиме како ќе бидат, Men in Black кога го уби Вилијам најверојатно е блиску до настаните од третата сезона, а пак Бернард кога се буди од сонот е пост-апокалиптично време негде 50-150 години во иднината. Наредната сезона ваљда ќе има два тајмлајни, еден во сегашноста со Шарлот и Men in Black и тој во иднината со Бернард, низ сезоната може и да се поклопат настаните.
Spored mene, najglupa odluka sho mozea da ja napravat.
Prikaznite na William i Bernard vo ovaa sezona bea totalno forsirani, i bescelni.
 
Spored mene, najglupa odluka sho mozea da ja napravat.
Prikaznite na William i Bernard vo ovaa sezona bea totalno forsirani, i bescelni.

приказните нивни, поготово на Бернард беа колку да ги одржат у живот, нареднава сезона би требало они да се во фокусот
 
Просечно и неинтересно, какои и речиси цела сезона, дали една епизода ми беше интересна од сите осум.
Проблемот е што речиси сите главни ликови во серијата немаат никаква мотивација за тоа што го прават или воопшто не беше доволно и убедливо објаснета.

Вилијам, Мејв и Бернард. Ликови без никаква мотивација за своите постапки, никаква, џабе потрошено време за нив. Приказната со Мејв и нејзината невистинита ќерка се нула мотивација да целосно му се потчини на Серак и му биде главен егзекутор цела сезона. Бернард и Вилијам не ми се коментираат, ставени се чисто ради реда. Дури и на крај му го продужуваат дејството на Вилијам преку хост Вилијам само оти Ед Харис е одличен актер и им треба јако име за четврта сезона.

Кејлеб (Џеси), што е неговата мотивација, ништо, како и хостовите, цел живот без цел, го командале други и ете во момент на бистра свест ја спасил Долорес и другите роботи во паркот да не бидат малтретирани и затоа Долорес го одбрала да биде нејзино оружје во создавање на новиот свет.

И на крај Долорес, искрено тука малце се оправија на крај, приказната за освета и уништување на светот само затоа што со години богаташе ја злоупотребувале, убивале, силиувале и мачеле нека како предмет што реално таа и сите хостови се предмети беше неубедлива и клише. Пресвртот дека сепак Долорес не сака да ја уништи човечката раса и дека всушност сака исто и нив како и на хостовите во парковите да им даде избор ми се допадна, убав крај за ликот, ваљда толку ќе биде од Долорес и актерката.

И тука серијата можеше да заврши, со уште неколку сцени како епилог за тоа што се случило со Мејв, со Бернард и со човечката раса и толку. Нема потреба од овие заплети во посткредит сцените, со Хејл, со роботот Вилијам, сега сигурно новата сезона ќе биде Вилијам и Хејл со новите роботи како негативци кои ќе сакаат да ги уништат луѓето против Мејв и Кејлеб како заштитници и така во круг.

Да завршеше тука ќе беше солидна серија со интересни идеи и слаба реализација, а вака очекувам уште полоши наредни сезони.
 
И ја мислев дека Мејв нема некои мотиви да се бори против Долорес, тоа со ќерка и демек сака да биде. Али треба да се земе у обзир дека она е хост, па можеби хостовите не мислат ко луѓето. Тоа the sublime, го претставуваа како host heaven, и Бернард кога се исклучи отиде таму на полјаните каде што беше зајдисонцето.

Ние ги гледаме логичните работи што ни се, но треба да ги земеме во обзир и работите кои креаторите на серијата сакаат да ги искажат. Тие работи се малце по апстрактни и треба подлабоко да се размисли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom