- Член од
- 30 декември 2014
- Мислења
- 378
- Поени од реакции
- 460

"Westworld" е новата серија на HBO создадена од Jonathan Nolan и Lisa Joy базирана на истоимениот филм од 1973 година, напишан и режиран од Michael Crichton. Извршните продуценти се Jonathan Nolan, Lisa Joy, .Ј.J. Abrams и Bryan Burk, а Nolan се јавува и како режисер на пилот епизодата.
Опишана како "темна одисеја за почетокот на вештачката свест и иднината на гревот", серијата ја раскажува приказната за футуристичкиот забавен парк наречен Westworld.
Во главните улоги настапуваат: Anthony Hopkins како директор на забавниот парк, Ed Harris како мистериозниот негативец "Man in Black" и Jeffrey Wright како творец на aндроидите во забавниот парк.
