Тоа е Баерн, централните дефанзивци на пола терен, а страничните бекови стојат високо како да се крила.
Однапред укалкулиран ризик, свесни се дека ќе примат гол, но веруваат дека ќе дадат повеќе.
Ги гледам против Дортмунд, губат два гола, а имам чувство дека само прашање на време е кога ќе им дадат доволно за победа.
Кога поради Х причини не му оди на нападот, или дефанзивно не завршат добро работа, поточно кога нема бргу да вратат изгубена топка или ќе погрешат при организација, тогаш имаат проблеми.
Ми текнува против Гладбах, а ако не грешам и против Ајнтрахт, како изгубија. Ако е при организација од голман, го притискаат Алаба и го сечат просторот за додавање до Кимих, го принудуваат Зуле (Зиле, Суле... секој нека си одбере како сака
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
), да организира, а тој е повеќе проблематичен. Ако од тука излезат Бајерн и топката од Алаба (најчесто) или некој друг стигне до Кимих, го напаѓаат неколку фудбалери, напаѓачот е завртен према гол и чека топка во простор. Така ги победија.
Ако загубат топка длабоко на противничка половина, тогаш противниците треба да освојат многу простор за да стигнат до гол (и да го искористат тоа што им е оставено помеѓу централните дефанзивци и бековите, па и меѓу самите централни, затоа што не само што стојат високо, туку и доста широко), а овие од БМ се ептен агресивни по изгубена топка, во огромен број се на противничка половина, добро се распоредени имаат добри увежбани движења за затворање на простор и бргу го враќаат поседот.
За да направиш нешто ти требаат играчи како Мбапе и Нејмар, а такви немаат многу. Вечерва ги имаше ПСЖ, затоа и направија резултат, но сепак и нив им требаше да им се потрефи да имаат одлична реализација, БМ да има проблеми со повреди, да направат грешки дефанзивно... Но и покрај се пак изгледаа дека се повеќе моќни.
Мислам дека нема многу да менуваат од нивната филозофија, а и би било штета, никогаш не ми биле симпатичен клуб, но тешко некој да не ужива во ова што го играат и да не ги почитува.