UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
9 мај 2008
Мислења
33.496
Поени од реакции
48.096
Се ближи стартот на новата сезона он најелитното европско натпреварување - Лига на Шампиони. Ова ќе биде вкупно 66та сезона, а 29та откако натпреварувањето е ребрендирано во моменталниот формат.

Оваа сезона Лигата на Шампионите започнува со групната фаза од 20ти октомври, а ќе заврши на 29ти мај идната година во Истанбул на Ататурк стадионот. На овој стадион требаше да се изигра финалето од претходната сезона, но бидејќи завршницата на турнирот беше преместена во Португалија поради пандемијата, Истанбул ќе биде домаќин на овогодинешното финале.

Во финалето претходната сезона силите ги одмерија екипите на Баерн Минхен и ПСЖ. Германците дојдоа до својата шеста титула во ЛШ со голот на Кингсли Коман за да ја крунисаат импресивната сезона во која стигнаа до финалето победувајќи на сите натпревари. Баерн оваа сезона повторно ќе биде еден од фаворитите и ќе се обиде да ја одбрани титулата.

1601561148218.png

Форматот останува ист во претстојната сезона. 32 тима ќе се натпреваруваат за европската круна. 26 тимови добија автоматска квалификација во групната фаза, додека Краснодар, Динамо Киев, Салзбург, Мидтјиланд, Олимпиакос и Ференцварош изборија пласман преку плејоф натпреварите.

Ова се групите за сезонава, добиени по денешната ждрепка:

1601569446983.png
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
18.786
Поени од реакции
39.346
Нашава група е најинтересна. Башка шампионот е таму.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
7.327
Поени од реакции
11.358
Како тргнаа имаше потенцијални три прејаки групи, ама последните два шешири се распоредија лаганини за тие групи.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.802
Поени од реакции
4.065
Зошто во последно време ПСЖ го пишуваат само како Парис? Го променија името?

ПС: @Донев би ти препорачал д ги препишеш групите зошто сликите знаат да изгинат.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
4.788
Поени од реакции
9.823
Им се погоди групата на Интер, ќе можат пак да догурат до ЛЕ. :D


Не замарајте знам дека Тотенхем е во ЛЕ, ќе гледаме сега извлекување со браќата од С. ЛОНДОН
.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
41.611
Поени од реакции
82.389
Aј брзи ретардирани анализи:

Салзбург добија зезната група, тешко дека би можеле да се носат. Ливерпул со 5 победи ваљда ќе биде прв, Атлетико со 3-4 победи втор

Мојот човек Конте :( Ептен зезната група за него, ама тоа е, ќе мора да се заслужат победите против Шахтјор и Менхенгладбах. Ваљљда од оваа група ќе има најмногу исполнети страни ради некои евентуални киксови на Интер или Реал. Сепак, би требало да поминат група и двете, освен ептен ако не се посере Интер

Ептен ми е забавна групава Ц, секад групите каде што игра Порто се најинтересни. Сигурно прво место за Сити, ама ќе биде интересно за второ место. Марсеј не се за отпишување, ако им се поклопат коцките може и да изненадат во лигава. Интересно ќе биде секако во последно коло ваљда

Ауууу тотал фудбал група. Ливерпул, Аталанта, Ајакс. 5+ утакмици инкаминг. Ваљда блага предност им давам на Аталанта пред Ајакс за второ место, ама шо ги знаеш...

Група Е е Лига Европа група. Три од четирите екипи играа Лига Европа групна фаза лани, а четвртата едвај стигна до 1/8 финале на ЛШ каде се посраа. По секоја логика ова ваљда ќе биде Челзи први, а Севиља втори

Група Ф е уште една забавна група. Ме интересира како ќе се снајде Лацио тука. Очекувам Дортмунд сигурно да се пласираат, ама со останативе екипи се е можно

Јуве-Барса ќе биде интересно (читај: тактички фудбал што ќе биде досаден за сите освен фановите на овие две екипи) во борбата за првото место. Ваљда и борбата за трето место не би била лоша

Истанбул годинава делуваат како сериозно срање, ако не уозбилат може да паѓаат огромни резултати во нивните мечеви. Лајпциг ќе мора да докажат дека се сериозна екипа во една ваква група. На хартија ПСЖ и Јунајтед би отишле понатаму, иако давам некаква шанса и на Лајпциг да се пласираат.

Од ова што памтам една од помалку израмнетите групни фази во последниве 2-3 години откако ги сменија правилата за рангирање во шешириве, ама не е тоа така лошо секако.

Да се надеваме дека Короната ќе се изгуби како STEALTH после елиминцијата на Баерн во нокаут фазта оваа година, дека ќе гледаме фудбал со фанови во вториот дел на сезоната ако ништо друго, а на темава и посакувам многу напишани страни со интелигентна и неинтелигентна дискусија, многу (лош) хумор, голови на Пепе од слободен, Контехехехехе моменти, магична сезона на вечниот талент Лофтус Чик, црвени против противниците на Јувентус, пораз во 1/4 финале на Манчестер Сити, пропуштање на 1/8 финалето од страна на Нејмар поради роденденот на сестра му, Оле Тајм голови, ВАР помош за Ливерпул и останати муабети што се поминати сто пати низ форумов.

П.С. Remember, remember....не се кладете на Лацио
 

Kajgana Shop

На врв Bottom