UEFA Champions League - Season 2020/21

Кој ќе биде шампион на Европа оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Инаку елиминацииве во ЛШ во последниве 5-10 години се. :drk:
Ми текнува на времињата кога Крофнитез и Курињо играа полуфиналиња со 1-0 и 0-0, а и тој голот на Кјуел беше прашање дали ја помина линијата или не. Па и Милан кој тогаш го владееше натпреварувањето откако го продадоа Шевченко и беа со непостоечкиот напаѓач Џилардино со такви бинарни жабарски резултати играа. Пу пу да не се повтори тој очобол во наредни 100 години.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Прво Челси нека го помине Порто, скроз е можно 1:3 да заврши реваншот. Не дека Челси со години не примил 3 или повеќе гола дома.
Нема да играат дома :cool:
 
Член од
14 март 2013
Мислења
2.875
Поени од реакции
8.678
PSX_20210408_000608.jpg

Ни криви ни должни, Баерн веќе имаат два гола на гости :icon_lol:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Без разлика на резултатов мислам дека ќе поминат Баерн, денов ептен им беше наколнет на ПСЖ.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Ако се врати Левандовски и те како ќе поминат Бајерн понатаму. И да, под услов да не се замлатува Ханси Флик со штоперите да му спијат на центар, не смеат да добијат таков простор Мбапе и Нејмар, видовме што се случуваше денес.
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.657
Поени од реакции
13.156
Ако се врати Левандовски и те како ќе поминат ПСЖ понатаму. И да, под услов да не се замлатува Ханси Флик со штоперите да му спијат на центар, не смеат да добијат таков простор Мбапе и Нејмар, видовме што се случуваше денес.
Тоа е Баерн, централните дефанзивци на пола терен, а страничните бекови стојат високо како да се крила.

Однапред укалкулиран ризик, свесни се дека ќе примат гол, но веруваат дека ќе дадат повеќе.

Ги гледам против Дортмунд, губат два гола, а имам чувство дека само прашање на време е кога ќе им дадат доволно за победа.

Кога поради Х причини не му оди на нападот, или дефанзивно не завршат добро работа, поточно кога нема бргу да вратат изгубена топка или ќе погрешат при организација, тогаш имаат проблеми.

Ми текнува против Гладбах, а ако не грешам и против Ајнтрахт, како изгубија. Ако е при организација од голман, го притискаат Алаба и го сечат просторот за додавање до Кимих, го принудуваат Зуле (Зиле, Суле... секој нека си одбере како сака :)), да организира, а тој е повеќе проблематичен. Ако од тука излезат Бајерн и топката од Алаба (најчесто) или некој друг стигне до Кимих, го напаѓаат неколку фудбалери, напаѓачот е завртен према гол и чека топка во простор. Така ги победија.

Ако загубат топка длабоко на противничка половина, тогаш противниците треба да освојат многу простор за да стигнат до гол (и да го искористат тоа што им е оставено помеѓу централните дефанзивци и бековите, па и меѓу самите централни, затоа што не само што стојат високо, туку и доста широко), а овие од БМ се ептен агресивни по изгубена топка, во огромен број се на противничка половина, добро се распоредени имаат добри увежбани движења за затворање на простор и бргу го враќаат поседот.

За да направиш нешто ти требаат играчи како Мбапе и Нејмар, а такви немаат многу. Вечерва ги имаше ПСЖ, затоа и направија резултат, но сепак и нив им требаше да им се потрефи да имаат одлична реализација, БМ да има проблеми со повреди, да направат грешки дефанзивно... Но и покрај се пак изгледаа дека се повеќе моќни.

Мислам дека нема многу да менуваат од нивната филозофија, а и би било штета, никогаш не ми биле симпатичен клуб, но тешко некој да не ужива во ова што го играат и да не ги почитува.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Абе кој е овој Суле и зошто игра во Баерн, му ибам тоа бауштелецот... еден шпринт по Мфлопе и се сјеба а пред тоа пршлените му ги измести
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Баерн е јак, ама не и непобедлив, особено со оваа одбрана...Суле уште им игра прва постава бе..
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Тоа е Баерн, централните дефанзивци на пола терен, а страничните бекови стојат високо како да се крила.

Однапред укалкулиран ризик, свесни се дека ќе примат гол, но веруваат дека ќе дадат повеќе.

Ги гледам против Дортмунд, губат два гола, а имам чувство дека само прашање на време е кога ќе им дадат доволно за победа.

Кога поради Х причини не му оди на нападот, или дефанзивно не завршат добро работа, поточно кога нема бргу да вратат изгубена топка или ќе погрешат при организација, тогаш имаат проблеми.

Ми текнува против Гладбах, а ако не грешам и против Ајнтрахт, како изгубија. Ако е при организација од голман, го притискаат Алаба и го сечат просторот за додавање до Кимих, го принудуваат Зуле (Зиле, Суле... секој нека си одбере како сака :)), да организира, а тој е повеќе проблематичен. Ако од тука излезат Бајерн и топката од Алаба (најчесто) или некој друг стигне до Кимих, го напаѓаат неколку фудбалери, напаѓачот е завртен према гол и чека топка во простор. Така ги победија.

Ако загубат топка длабоко на противничка половина, тогаш противниците треба да освојат многу простор за да стигнат до гол (и да го искористат тоа што им е оставено помеѓу централните дефанзивци и бековите, па и меѓу самите централни, затоа што не само што стојат високо, туку и доста широко), а овие од БМ се ептен агресивни по изгубена топка, во огромен број се на противничка половина, добро се распоредени имаат добри увежбани движења за затворање на простор и бргу го враќаат поседот.

За да направиш нешто ти требаат играчи како Мбапе и Нејмар, а такви немаат многу. Вечерва ги имаше ПСЖ, затоа и направија резултат, но сепак и нив им требаше да им се потрефи да имаат одлична реализација, БМ да има проблеми со повреди, да направат грешки дефанзивно... Но и покрај се пак изгледаа дека се повеќе моќни.

Мислам дека нема многу да менуваат од нивната филозофија, а и би било штета, никогаш не ми биле симпатичен клуб, но тешко некој да не ужива во ова што го играат и да не ги почитува.
Ни ПСЖ не беше комплетен, напротив многу поасакатени беа од Баерн заради отсуствата. Двата бека им беа трета и четврта опција, Паредес и Верати кои се стартери исто отсуствуваа, Маркињос се повреди дополнително во 30-та минута, а и Икарди(кој не знам дали е стартер) отсуствуваше. ПСЖ имаше сериозни отсуства и играше со второразредни играчи во одбрана и средина, додека на Баерн само Левандовски и Гнабри и фалеа од битните играчи. Така што ваква доминација при ,,нормални услови" тешко дека би имале.
Многу ги кренавте Баерн, не се ништо надвор од планетата моментално. Би имале сериозни проблеми со секој поасален тим, чим овој ПСЖ не го кутнаа.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Сами Мбапе и Нејмар им играа, ги растурија.. Ме потсеќаше вчера на текмата Баерн - Реал, кога реал на контри со Роналдо и Бејл си ги сакатеше...
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Би имале сериозни проблеми со секој поасален тим, чим овој ПСЖ не го кутнаа.
Кој е тој поасален противник од ПСЖ моментално, освен Сити можеби?

Не е ич срамота да изгубиш од тим кој го има најдобриот напад.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom