Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.125
- Поени од реакции
- 20.989
Меси се повеќе игра плејмејкер (заради килавата средина, мора он да ја организира играта), на овој натпревар речиси ниеднаш не играше на десно крило. Затоа и примарна задача не му е да постигнува голови, туку да разигрува и асистира (на првиот натпревар против Торино 3-4 топки со очи им даде на Нејмар, Иниеста, Суарез...).Aбе стално сум зборел (кога играла Барса со некој рандом тим, зошто со Јуве не играле толку често) кога после некој сив меч на Меси го тролале навивачите на противничката екипа дека он не треба да се бара во џебот на одреден одбранбен играч. Тоа е предизвикување на судбината и многу пати им ги затнувал устите во реваншите. Од пред некоја година тука би го додал и Суарез. Реално овие двајца беа единствените од кои се плашев во двомечот затоа што знаат од ништо да направат нешто. Да игравме пред неколку години, тука ќе го додадев и Иниеста ама сега баткото е стар веќе и не е таква закана и напаст како порано.
А, Суарез реално не само овој натпревар, туку цели 180 минути беше во џебот на Киелини.
Иначе, целиот проблем на Барселона е средината. И проблемот со несигурната одбрана и проблемот со неефикасноста на нападот(на клучни натпревари) лежи во килавата средина која оваа сезона е најслаба во последните 10ина сезони.