The Walking Dead

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.948
Комонвелтот претставен како заедница од 50к луѓе, а на прославата едвај собрале 200 статисти да се журкат и буткат таму. :pos: Кога почна мешаницата со синот на Памела само крупни кадри за да не се забележи недостатокот на луѓе, и сите се движат неприродно и се удараат еден во друг.

Б продукција е висока оценка.

Ајде уште неколку епизоди до крајот, едвај чекам. Само се надевам ќе добиеме барем некој вид завршница за сите клучни ликови шо беа низ цели 12 години а исчезнаа во последните 30 епизоди. Ќе биде најголема кражба ако нема ништо и ако не условат ако сакаме завршница да ги гледаме спиноф срањата шо им се во план.

Насловот на 23та епизода е "Family". Имам добро претчувство за оваа епизода.
Нема да има објаснување зошто ќе треба уште цела една сезона со по една епизода за секого да снимат. Затоа ќе ги има тоа новите глупости за Рик и Мишон, Ниган и Меги и Дерил и Керол.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Комонвелтот претставен како заедница од 50к луѓе, а на прославата едвај собрале 200 статисти да се журкат и буткат таму. :pos: Кога почна мешаницата со синот на Памела само крупни кадри за да не се забележи недостатокот на луѓе, и сите се движат неприродно и се удараат еден во друг.
VIP забава, со специјални покани од Памела се таму. :pos:

Насловот на 23та епизода е "Family". Имам добро претчувство за оваа епизода.
24 се вика Rest in Peace. Ќе видиме кој ќе умре. Сите? Александрија? Дружината ќе згане? Искрено, едвај чекам да заврши ова веќе еднаш!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
BTW, имам теорија како ќе заврши срањево, и пак ќе биде нешто што веќе беше видено, ама дефинитивно натаму оди, па затоа ќе ја ставам во спојлер. Не отворајте додека не заврши финалето, зошто можеби навистина е спојлер, а и за да видиме колку сум погодил :P

Нели во третиов дел од оваа последна сезона го воведоа тој нараторот на почетокот од секоја епизода кој се присетува на моменти од минатото, и секој од тие сегменти трае по пола минута - минута и никако не е поврзан со епизодата која следи. Е сеа нараторов си спомнува за тие моменти од одредена дистанца, затоа мислам дека ќе има некој time jump од многу години во кои еден од ликовите (а претпоставувам ќе биде Џудит, порасната) живее во нов свет и им раскажува на своите деца за тоа што и се случувало во животот. Од каде оваа теорија?

Серијава одамна се оддалечи од стриповите на Роберт Киркман и освен сетинзите ни ликовите ни приказните не беа исти, па затоа не можеше да се прават паралели многу-многу. Во стриповите, Андреа, на пример, беше жива доооолго, а тука ја скинаа уште во прва или втора сезона. Тука Рик го нема веќе неколку сезони, а во стриповите умре во претпоследниот. Исто и Карл - тука е одамна мртов, таму тој е тој кој во последниот број ја раскажува целата приказна за Walking Dead. Тој свет во кој живее Карл е десетина-дваесет години по смртта на татко му, Рик, и во него зомбијата се речиси исчистени и вистинска реткост. Дури и ги третираат како атракција кога ќе се појави некое. Со други зборови, редот е воспоставен, вратен е нормалниот живот, како пред зомби апокалипсата, а Карл кој е оженет и татко им ја раскажува приказната на своите деца.

Е сега Карл тука го нема, ама можеби ќе заокружат на ист начин како таму, само со друг лик (99% со Џудит, зашто таа остана единствено како директна врска со Рик). Серијава можеби не беше баш екранизација на стриповите, но почна исто како нив, а и голем дел од сетинзите и ликовите беа тие, истите, па така, како tribute до Киркман, мислам дека може да направат нешто такво.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049

Само што мислев да ти пишам дека твојот можен крај спојлер: "Не отворај" личи на крајот од стриповите, со изменет главен лик. Па видов си го пишал и тоа. :)
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
Овие Фокс глупердите 2 дена брмчат за премиера а оваа епизода ја гледав пред 5 дена на нет. Ексклузивност my ass.

Значи уште 2 епизоди има неизлезени, Family и Rest in Peace.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Па премиера е на ТВ. Епизодата што денес ја даваа на Фокс во Америка играла на тв вчера.

Тоа што ги има епизодите на нет една недела пред тв емитувањето е благодарение на ексклузивата за АMC+ платформата што ја имаат во Америка. Веќе дискутирано во темава.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
Јас па чекам 23та епизода, дури и аларм си направив да не заборавам.:pos::tapp:
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
Шо да коментираме, последна епизода беше ова и со тоа не условуваат да ги гледаме другите серии. Незаситни шупчиња зинати за пари.

Просек епизода, ништо посебно. 5 до максимум 7 сезони за да биде една серија перфектна, се над тоа е алчност. Breaking Bad најдобар пример.
 
Баш тоа сакав да го кажам. Во серијава имаше mid-season финалиња, и дури обични епизоди појаки од ова. Подобро ќе беше да се десеше некоја пиздарија и да испозагинеа сите, иако и тоа ќе беше веќе видено, а не вака. Како ова ја заокружи приказната, еве, јас не знам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom