Superhero Movies

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751
Пошто не е објаснето баш најдобро во темава ај вака официјало, да си знаете дека не се сите од овие филмови:

Филмови:

Блејд
Тор 4
Доктор Стрејнџ 2
Етерналс
Шанг Чи
Црна Вдовица

Исто така ќе се прават и
Капетан Марвел 2
Блек Пантер 2
ГотГ 3
И најверојатно и Спајди 3.
Исто така планираат down the line и Икс-Мен и Фантастик Фор филмови да прават

Се останато што го гледате ќе бидат серии на Дизни Плус стриминг сајтот што ќе излезе следната година.

What If ќе биде анимирана а сите други live action ќе бидат

Зашто доби таков вајб?

Наводно креаториве рекле ќе пробаат да ја направат серијава за моделни времиња, така да..шо знам...

Нешто Antifa vs government vs superheros? нешто такво можда ќе биде шо знам...
Па добив таков вајб, гледам сцена кај што белци тепаат све пред себе, во една идилична атмосфера на црно семејство им упаѓаат дома и партал ги праат. Под белите маски ниеден црнец не видов, таа плус кога му вика на детето the world is black and white итн итн.

Више би рекол како антифа против алт рајт. Штета што од стрип прават политички проект.
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Снајпс 56, овој Мухамед Али 45...и не се некоја разлика...
добро, годиниве настрана, Снајпс го нема на филскава сцена една деценија, Али е бек то бек освојувач на оскари..+ излезе информација дека самиот ги контактирал Марвел за улогата на Блејд..
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Иначе освен тоа што нели Женски Тор ќе биде во Тор 4 (како човек што не му се допадна Тор 3 и сметаше дека е крајно непотребно да има Тор 4......ова уште помалце заинтересиран ме прави во филмот, осеќам дека пак истата приказна ќе биде како Тор 3, тоа што сите го знаеме ќе се случи после пола филм....иако не би ни бил изненаден тоа да се случи при крај на филмот. Јбг, маркетинг и тоа што знаеме и очеквуаме од одреден филм го менува очекувањето и мислењето за филмот..барем кај мене)

Вреди да се спомене дека во азијскиот филм ќе го имаме оригиналниот Мандарин а не таа фејк копијата од Ајрон Мен 3.

Не знам дали ова ќе биде on its own карактер или некако ќе го поврзат со Ајрон Мен 3....ама според тоа што се случуваше во универзумов....ваљда ќе го спојат некако (и немам против тоа, би било кул)

Исто за споменување е дека Black Widow ќе се случува после настаниоте во Civil War.

Чисто за потсетување, во филмот главната улога ќе ја глуми Скарлет Јохансон. Актерка која што се повлече од глумење на транс лик поради притисок "како тоа стрејт човек ќе глуми транс????". Во овој филм оваа Американка со потекло од Скандинавија ќе глуми Руски лик. Настаните во филмот изгледа ќе се случуваат во Будимпешта (ама не тие што се референцирани во привот Авенџерс), а главниот негативец ќе биде Таскмастер. Исто така во филмот ќе глуми и анлиската актерка Флоренс Пју(ваљда вака се чита) која изгледа ќе глуми лик со Романско/slav back story.

Diversity (y)

И кога веќе спомнав со објаснвуање за кастингов, вреди да се спомене дека во вториот Доктор Стрејнџ ќе глуми и Елизабет Олсен која нели ќе си ја репризира улогата на Скарлет Вич.

Воеднo, ова ќе биде втора улога на Махершала Али во МЦУ, откако веќе глумеше во Luke Cage.
Дали ова значи дека сериите на Нетфликс не се канон? Или ќе се водиме од тоа дека сепак може да има ист актер пошто има ептен вакви глупусти...
Ќе видиме...како и да е...штета што Нетфликс МЦУ никад не доби некоја улога во филмовите :( Дердевил-Спајди филм некад да се деси би било ебење :(

Па добив таков вајб, гледам сцена кај што белци тепаат све пред себе, во една идилична атмосфера на црно семејство им упаѓаат дома и партал ги праат. Под белите маски ниеден црнец не видов, таа плус кога му вика на детето the world is black and white итн итн.

Више би рекол како антифа против алт рајт. Штета што од стрип прават политички проект.
Не приметувам ја такви детали вообичаено, затоа и прашав пошто јас баш добив таков Antifa вајб, ама не видов дали има црнци зад маските :D
Ама може да си во право пошто ете рекоа дека ќе бидат со current problems така да можеби ќе има нешто со расизам кој знае[DOUBLEPOST=1563716307][/DOUBLEPOST]
Башка, продолжението ќе има и хорор мууд:гик:
Баш ме интересира што мислеа со ова.

Наместо 20 шеги ќе има 19? :D Ајде, ќе видиме :D
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Прв пат го читам ова у постов :D

Уште не е ни 100% потврдено дека Крејвен ќе биде, а камо ли од каде ќе биде. (иако да, според сите шпекулаци се планира Крејвен да биде)

Иначе... кога веќе спомна ваканда...Енди Серкис имаше добра фаца (ама не и тело :D ) за Крејвен да биде..ама и како Klaw не беше лош
Да, се занесуваат по социјалниве мрежи, а ќе кулминира како што кулминираше за новиов Бонд.

И веќе почнаа да му инјектираат соја на Марвел, и од ера кога сум бил возбуден за буквално секој филм што ќе излегува, сега дали за 2-3 сум заинтересиран, и тоа дефинитивно не во кино да ги гледам. Прво дебел comic-relief Тор, сега Тор е титула која било кој може да ја земе, па и angry ex-gf. Снајпс го откачија а сакаше да биде се уште дел од MCU, а ја враќаат Портман која имаше огорчена историја со Тор франшизата назад? Да се крсти човек во одлуките кои добиваат зелено светло последниве месеци во Марвел Студиос.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Им отидоа главните луѓе од режисери, продукција и сега не знаат што да прават. Прашање на време е кога DC ќе ги стигнат.
И јас не би сакал Тор 4 да има после последниот дел на Авенџерс, но тие најавија дури и Авенџерс за 2023 година.
Што ќе прават со уште Авенџерс филмови бог знае.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Им отидоа главните луѓе од режисери, продукција и сега не знаат што да прават. Прашање на време е кога DC ќе ги стигнат.
И јас не би сакал Тор 4 да има после последниот дел на Авенџерс, но тие најавија дури и Авенџерс за 2023 година.
Што ќе прават со уште Авенџерс филмови бог знае.
Планираат Минџвенџерс верзија. All female squad. Ако немаш забележано, тоа турка и Холивуд општо (all female Ghostbusters, all female Ocean's, all female Terminator). Започнува со Тор, сигурно ем дебел ем депресивен го направија, Валкири е сега Крал на Нов Асгард, Натали Портман треба да биде новиот Тор (тоа е приказната што ја адаптираат од Love & Thunder). Живи глупости. Никој не го бараше тоа. Од толкав обемен материјал баш за тоа се фатија. Ако тераат вака до година ќе го стасаат во патетика Дизни Star Wars како франшиза.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Да, се занесуваат по социјалниве мрежи, а ќе кулминира како што кулминираше за новиов Бонд.
Новиот Бонд е уште Даниел Крег :D 007 е сменет, пошто Бонд се пензионираше во минатиот филм и мора некој да го замени
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.598
Поени од реакции
38.751
Новиот Бонд е уште Даниел Крег :D 007 е сменет, пошто Бонд се пензионираше во минатиот филм и мора некој да го замени
Он треба да биде пензиониран со бројот, у хол оф фејм да го стаат, како тоа најдобриот агент евер да го смениш со некој друг.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Новиот Бонд е уште Даниел Крег :D 007 е сменет, пошто Бонд се пензионираше во минатиот филм и мора некој да го замени
Okay, let's open THAT can of worms then.

Океј, 007 се пензионирал. На страна што тоа е асоцирано со Бонд и обратно, и нема разделба кај било кој што е фан на изворниот материјал, како планираат да ја продолжат франшизата? Ќе стане 007 водечкиот наслов? Кој ќе го глуми Бонд понатаму? Како ќе изгледа? Има ли воопшто план за тоа?

Нема прецизенодговор на овие прашања, затоа што целта не е продолжување на филмскиот серијал со машки водечки лик, како од книгите. Не, имаш план за divergence од изворниот материјал како со GoT. Како и се остало во мода во Холивуд акцент е ставен на главен женски лик, или група ликови, and you will like it, or you are a sexist misogynist fuck. Also racist, во случајов.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Он треба да биде пензиониран со бројот, у хол оф фејм да го стаат, како тоа најдобриот агент евер да го смениш со некој друг.
Ех, ако гледаме во универзумот на филмовите...

Зошто М би го сакал Бонд? :D Цело време си прави сам што сака, оди по свои правила, прави ептен штета кај и да отиде..... ќе си каже "Фала богу се спасив од овој"

Okay, let's open THAT can of worms then.

Океј, 007 се пензионирал. На страна што тоа е асоцирано со Бонд и обратно, и нема разделба кај било кој што е фан на изворниот материјал, како планираат да ја продолжат франшизата? Ќе стане 007 водечкиот наслов? Кој ќе го глуми Бонд понатаму? Како ќе изгледа? Има ли воопшто план за тоа?

Нема прецизенодговор на овие прашања, затоа што целта не е продолжување на филмскиот серијал со машки водечки лик, како од книгите. Не, имаш план за divergence од изворниот материјал како со GoT. Како и се остало во мода во Холивуд акцент е ставен на главен женски лик, или група ликови, and you will like it, or you are a sexist misogynist fuck. Also racist, во случајов.
Па нема прецизен одговор на овие прашања.....дека го немаме гледано филмот :D
Дур не излезе филмот џабе ќе збориме, мислам нема да е толку сериозен проблем како што мислиме од овој аспект, ќе испадне се ок, Бонд ќе се врати како 007 ваљда на крај или нешто слично....како и да е..ќе видиме..

Али добро прашање е тоа...дали филмовиве се 007 филмови....или Џејмс Бонд филмови?
Дали може франшизава да прави филмови за Бонд...кај што нема никаква врска со 007 и со MI6? Дали би било тоа Бонд филм? Интересна тема ми отвори за размислување да ти кажам право :D

Иначе ве сфаќам и двајцата, со таа разлика што јас чекам да видиме што ќе биде во филмот, може само да се крене џабе фама за џабе.

Ама....ај да не одам ептен оф топик :D
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Го гледаше ли некој цртаниот Batman: Hush? Гледам трае само 80 минути. Според мене премалку да се долови цела приказна од 12 стрип броја. Се надевав долго време на адаптација на Hush ама мислев дека ќе ја поделат приказната во два дела како The Dark Knight Returns.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.298
Поени од реакции
4.680

Едвај го догледав, очекував повеќе од овој филм, далеку е од the dark knight returns.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Го гледаше ли некој цртаниот Batman: Hush? Гледам трае само 80 минути. Според мене премалку да се долови цела приказна од 12 стрип броја. Се надевав долго време на адаптација на Hush ама мислев дека ќе ја поделат приказната во два дела како The Dark Knight Returns.
Тенка ава Хашот. Го утнаа ''Killing Joke'', оваа им е веќе втора у низа згазена Бетмен сага. Почнаа да заебаваат ДЦ со анимираните последниве години, а они им беа баш јака страна..
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Ногу е тапа стилот на анимација што го фураат, одма ме одвраќа кај анимираниве кога ќе искочи трејлерот колку изгледа бледо и мрзливо направено...
На пр. овој им се посра на цел DC анимејшн оддел како требаше да изгледа TKJ
 
Kajgana Shop

На врв Bottom