Па не живееше он негде во Африка или нешто такво како нивен лидер?
И ја помислив за Дум, ама не знам доволно за него па затоа не го пишав
А знам Ф4 живеат стварно во нивна кула, па логични избори зашто некој би купил ова би биле Ф4 и Норман Озборн (барем на прва вака што ми текињаат)
Не бре, каква Африка

Он ни е побратим, Балканец у душа, затоа ми е еден од омилените негативци.
Живее во Латверија, малечка држава помала и од Луксембург сместена меѓу Србија, Унгарија и Романија, негде близу Карпатите, и си граничи со уште една малечка држава од таа големина на југ наречена Симкарија (родно место на Silver Sable, или Silver Silvana Sablinova

)
Народите на овие простори се некој микс од словенски, германски и романски атрибути според имињата, стиловите, културата и географијата.
Мислам дека Von Doom ќе е супер избор за тоа што зборевме затоа што тој е сметан за беневолентен диктатор во својата земја кој ги има решено сите регионални прашања и локални проблеми кај населението и ужива голема подршка од нив, а и регионално. Армијата Doombots ја гледаат како неопходна национална одбрана против некои околни сили како да речеме Унгарија (веројатно биле под окупација на Австро-Унгарија), а и 2ра Светка Војна е тука, каде почнуваат пријателските односи со Симкарија, а и неговиот личен однос со Silver Sable (иако тој е негативец, а таа е херојка).
Другиот аспект зошто одговара е што историски често има влегувано во конфликт со Спајдрмен, Капетан Америка, Ајрон Мен, Тор, Доктор Стрејнџ, Блек Пантер и Икс-мен. Не го имам уште гледано Far From Home, ама европскиот сетинг може да биде добро искористен како backdrop од каде Doom може да влезе во конфликт со Спајди (може нешто му зезнал што се одразило локално во Латверија, или ете може да има reveal, Мистерио дека цело време соработувал или бил под насока на Doom. Преку него можат да ги воведат и не само FF него и Икс-мен. Или преку било кој друг од спомнативе херои горе, повеќето имаат во план ново продолжение од нивните филмови, со исклучок на Роџерс Капетан Америка и Старк Ајрон Мен.[DOUBLEPOST=1562521383][/DOUBLEPOST]A пошто Vision is kinda out of the picture, можат да го вметнат Doom во MCU и од овој агол:
Yep, this was a thing too
