Стомачни мускули

  • Креатор на темата Креатор на темата mister_lova
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е сложена биохемија, за што немам време да објаснувам
Да? Препорачај материјали, јас сум апсолвент на медицина, би ме интересирало да прочитам.
 
Гледам пишувате трчање, па ме интересира има сличен ефект пример орбитрек или треба стрикно класично трчање ? Нормално ова трчање да биде комбинирано со стомачни вежби.
 
Гледам пишувате трчање, па ме интересира има сличен ефект пример орбитрек или треба стрикно класично трчање ? Нормално ова трчање да биде комбинирано со стомачни вежби.

Значи најбитно е да се потиш, да топиш поткожно масо ткиво, така да и орбитрек е добра слоуција. Мада јас сум повеќе за џогиниг у природа.
 
Гледам пишувате трчање, па ме интересира има сличен ефект пример орбитрек или треба стрикно класично трчање ? Нормално ова трчање да биде комбинирано со стомачни вежби.
Odlicen e i orbiterekot,plus koa si na orbitrek gi stedis zglobovite,so trcanjeto gi napregas i zglobovite,taka da,samo furaj na orbitot:):):))))
 
Значи најбитно е да се потиш, да топиш поткожно масо ткиво, така да и орбитрек е добра слоуција. Мада јас сум повеќе за џогиниг у природа.

Не. Не е најбитно да се потиш. Може да се испотиш и на темпо џогирање, или да одиш во сауна и да си седиш. Точно дека е битно да го топиш салото, али со тоа се истакнуват стомачните. Не е точно дека стомачни се прават од трчање како што прочитав на почетокот на темата, демек братов фудбалер бил и само од трчање направил стомачни и по 70-100 стомачни на ден праел. Тогаш или има 14 години или е 45 кила со се кревет.

Како прво најголем дел игра исхраната. Или поточно кажано BMI или BFI (body mass/fat index) или во превод не знам најдете си... :) Зборот ми е, за да бидат видливи или истакнати стомачните тој индекс што ја покажува количината на маснотии што се содржи во вашето тело треба да биде понизок од 12%. А за да го постигнете тоа, треба да се храните здраво. А за здрава исхрана би напишал во друг пост. Значи тука на кратко, избегнувајте масна храна, алкохол, јадете претежно зеленчук и овошје. Смислете си добар план за вежбање, имате илјадници програми на интернет - бесплатно. Или импровизирајте. Ако сте почетници доволно е да правите најмалку 200 обични стомачни (crunch-гуглајте и ќе видите како се прават), а ако не сте знаеле и склековите доколку ги правите со правилна форма ги активираат стомачните мускули. И како што реков трчајте за да ги истакнете, ама не маратонски по 40 минути или 15 километри. Подобро, истрчајте се во парк 15 минути со 70% темпо да почувствувате да ве „стегаат“ стомачните мускули исто како кога правите вежби. Тоа значи дека сте ги активирале мускулите. Толку од мене накратко...
 
Гледам дека пишувате дека најбитна е исхраната, се согласувам дека е многу битна, но вежбањето е исто така многу битно, јас ќе дадам акцент на вежбањето, за затегнувањето на фасциите и апоневрозите на мускулите во пределот на абдоменалната регија(што ги истакнува "плочките") од суштинаска важност е правилно и редовно вежбање, треба да нагласам искучително е важно вежбањето да се практикува во ист термин секој ден, голем број истражувања покажуваат дека наутро и не е баш среќно избран термин, но можете да одите во теретана или дома да си правите вежби попладне на пример, по завршувањето на работното време и сл, предходно одморен и не многу најаден за да не го оптеретите колонот, ако сакате да изградите добри абдоменални ѕидови, морате да се потрудите со вежбање, важно е да не се форсира, тежината или стомачните да се зголемуваат постепено, на пример не треба првиот ден да направите 50 и потоа нема да можете 5 дена да вежбате најмалку, за исхраната како што споменаа и погоре се согласувам помалку масна храна не само заради мускулите на абдоменот туку заради здравјето на целото тело, трчање, важно е и одморот т.е, спиење не помалку од 6 часа дневно и сл.
 
Видете вака..имам едно прашање..мојата конструкција на телото е ваква..широк сум во рамениците и релативно јак сум во рацете и горниот дел..но некако како што одиш понадолу..во абдоменот сум слаб...не да немам малку стомачни туку не само што не ми се познаваат туку сум тенок во тој дел..прашањето ми е дали да обрнам поголемо внимание на стомачните правејќи ги нив претерано многу..бидејќи со нив се залилуваат и градите...
--- надополнето: Jul 19, 2011 4:05 PM ---
и нека ми каже некој по колку д аправам најдобро колку е...по колку серии...како да ги правам односно како се најефикасни итн итн..
 
Еве една добра работа за зацврстување на стомачните мускули со само 8минути дневно вежбање.

п.с. Кој од првпат успее следејќи го видеово да издржи 8 минути има од мене гајба пиво за подобар стомак;)

 
за стомачни прајте вежби за стомачни мускули незнам што не ви е јасно, ако упорно вежбате и не ви се познаваат ондак немате гени сигурно сте добри во нешто друго пронајдете се во животот
 
Освен вежбање незнам шо друго би можело да помогне.. пумпај секој ден редовно
 
Праев операција на слепо црево и поминаа 6 месеци а докторот ми реце 4 да мирувам и баш пред некој ден пробав да праам стомацни и осетив слаба болка . Дали е дека не е уште добро заздравен мускулот или дека е послап на тоа место кај што сум сечен па затоа ме боли?
 
Праев операција на слепо црево и поминаа 6 месеци а докторот ми реце 4 да мирувам и баш пред некој ден пробав да праам стомацни и осетив слаба болка . Дали е дека не е уште добро заздравен мускулот или дека е послап на тоа место кај што сум сечен па затоа ме боли?

Зависи како те сецнале, колкав е резот и евентуално како ти се нервите осетливи. Ќе ти биде осетливо местото уште извесен период така да не гледај колкав рок ти дале туку и ти како се осеќаш.

Ништо не губиш да почекаш уште некој месец да ти помине скроз болката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom